8 трикови кои ќе ви помогнат да го запомните тоа што го читате

Многу луѓе признаваат дека го забораваат поголемиот дел од она што го прочитале, без разлика колку уживале во текот на читањето.

Но само затоа што да се заборава е човечки, не мора да значи дека треба тоа едноставно да го прифатиме. Всушност постојат многу едноставни и креативни стратегии за поголемо помнење на тоа што го читате – било тоа да се романи, статии во весници и сл.

Business Insider ги дава следниве 8 предлози за најпрактичните техники врз основа на одговори од поголем број љубители на книги:

1. Правете белешки на самата страница

„Никогаш не читајте без молив,“ вели корисникот на Quora Денис Атес. „Потцртајте ги речениците кои мислите дека се збунувачки, интересни или важни. Заокружете ги важните параграфи. Цртајте диаграми за да ја видите структурата на клучните идеи.“

l7ehvkcm8vcp8tfi9pyt

2. Поставувајте си прашања за материјалот

Ингрид Спилман препорачува комуникација со текстот преку поставување на прашања. На пр. ако читате учебник, прашата можат да бидат едноставни: „Која е главната идеја на овој дел?“. Ако читате фикција, можете да се прашате: „Кои се мотивите на овие ликови?“.

3.  Најпрво разгледајте го текстот

Анонимен корисник ја цитираше статијата напишана од Бил Клем, професор по неврологија, која го нагласува дека разгледувањето е клучна стратегија за помнење на информации.

Идејата позади ова не е да се скокне целиот процес на читање. Наместо тоа, најпрво разгледајте го текстот и пронајдете ги важните теми и клучните зборови за да знаете што ве очекува кога ќе седнете да го читате материјалот. Ако сте запознаени со општите теми, вели Клем, тоа ќе ви помогне да ги запомните деталите.

reading-925589_960_720

4. Впечаток, асоцијација, повторување

Корисникот на Stack Exchange, TRdH, вели дека меморијата е  троделен процес. (Неговиот одговор беше објавен и на Lifehacker.)

Првиот дел е впечатокот. Можете да ја зголемите силата на впечатокот кој текстот ќе го направи на вас со тоа што ќе ја замислите ситуацијата во вашиот ум и ќе се замислите себеси како учествувате во настаните кои се опишани.

Вториот дел е асоцијацијата или поврзувањето на материјалот со нешто што веќе го знаете. На пр. името на некој од ликовите звучи како името на вашиот пријател.

Третиот дел е повторувањето. Колку повеќе го читате материјалот, толку полесно ќе го запомните. Ако не сакате да ја читате одново целата книга, обидете се да ги означите оние делови од текстот на кои сакате да се навратите.

5. Споделување на информациите се други

Експертите велат дека ако сакаш да го запомниш тоа што си го искусил важно е да направиш нешто со тие информации.

Двајца корисници на Quora го наведува зборувањето за она што го имаат прочитано како корисна алатка за процесирање на нов материјал. Venkatesh Rao го предложи блогирањето, каде ќе треба да објасните на другите што мислите дека сте научиле.

Плус, ако сфатите дека не можете да го објасните, можеби ќе треба повторно да се навратите на тоа што сте го прочитале.

books-and-books-circle-1

6. Читајте на глас

Друг анонимен корисник на Quora вели: „Јас најчесто морам да читам на глас поголем дел од времето за да го разберам и запомнам тоа што во моментот го читам.“

Во статија за Psychology Today, психологот Арт Маркман, вели дека оваа стратегија најдобро функционира кога има неколку клучни работи кои треба да се запомнат. Тоа е така бидејќи речениците кои ги изговараме (па дури и шепотиме) на тој начин се истакнуваат. Се сеќаваме на нивното изговарање и слушањето, па така сеќавањето за нив е поинакво од она за речениците кои сме ги прочитале во себе.

women reading on kindle

7. Читајте печатени книги

Електронските читачи се практични кога сакаме да понесеме тон книги со нас на одмор и да имаме пристап до различни книги на интернет.

Но истражувањата покажале дека тие можат да ја намалат нашата способност за паметење. Една студија открила дека луѓето кои го читале еден расказ од печатена книга подобро се сеќавале на приказната од оние кои истатиот расказ го прочитале на читачот Киндл.

Главната авторка на студијата, Ен Манген, вели дека тоа веројатно се должи на фактот дека страниците кои ги држиме в раце ни даваат тактилно чувство за напредок кое не можеме да го добиеме од електронските читачи. (Секако постои и можноста дека луѓето кои се навикнати повеќе да читаат на интернет да го немаат овој проблем.)

Истовремено, другото истражување на Манген открило дека средношколците имале подобри резултати на тестовите за читање кога читале од печатена страница наместо од компјутерски екран.

8. Најпрво запознајте се со темата

Блогерот Рајан Батлс препорачува најпрво да се информирате за темата пред да почнете да читате конкретен текст.

„Колку повеќе ја разбирате темата,“ тој пишува, “толку полесно ќе можете да ги запомните фактите.“ Се претпоставува дека тоа се случува бидејќи можете да создадете врски помеѓу новите информации и тоа што веќе го знаете.

Можете и да започнете со читање на Википедија за конкретната тема.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s