Како „Девојката во возот“ беше изменета за да стане филм

Овој пост може да содржи спојлери за оние кои ја немаат прочитано книгата.


Веднаш по објавувањето во февруари 2015 романот на Паула Хокинс, „Девојката од возот“, стана инстант хит, искачувајќи се на врвот на бестселер листата на „New York Times“ и останувајќи таму 13 недели. Така не беше и некое изненадување кога во мај 2015 Universal најави дека ќе ја започне продукцијата на неговата адаптација со Тејт Тејлор (The Help) како режисер.

Основата на нарацијата од книгата на Хокинс останува недопрена во сценариот на Ерин КресидаВилсон. Филмот се уште се врти околу Рејчел (Emily Blunt) и нездравата врска која таа ја има со алкохолот; нејзиниот бивш сопруг Том (Justin Theroux); неговата нова жена Ана (Rebecca Ferguson); нивната дадилка Меган (Haley Bennett) и сопругот на Меган Скот (Luke Evans). Но филмот отстапува од книгата на неколку начини кои вреди да се споменат.

BuzzFeed News зборуваше со Ерин Кресида Вилсон за сцените кои таа одлучи да ги изостави, ликовите кои ги додаде и за двете секс сцени кои замалку ќе ги видевме.

1. Книгата е сместена во Англија, тогаш зошто филмот е сместен во Њу Јорк?

The book was set in England, so why was the movie set in New York?

Во книгата Рејчел се вози со воз до Лондон секој ден. Во филмот дејството е префрлено на Менхетен. Но Вислон вели дека приказната во основа живее во умот на Рејчел.

„Отсекогаш мислев дека локациајта на филмот е во возот и во нејзината имагинација, и во нејзината осаменост и нејзиниот поглед низ прозорецот,“ рече таа. „Иако дејството е сместено во Англија, на мене не ми изгледаше како претерано англиски книга. Бидејќи немаше голем број на културни референци беше лесно да се замени Англија со САД во адаптацијта.“

Вислон додаде дека нејзиниот главен фокус бил да ги пренесе јадрените теми на книгата (алкохолизам, воајерство итн) и потоа да најде начин да ги доближи до поголемата публика.

2. Зошто Рејчел изгледа толку побесна со Меган поради нејзиното неверство?

Во оригиналниот текст на Хокинс, непоколебливиот презир на Рејчел кон Ана е претставен преку неколку внатрешни монолози, вклучувајќи го и оној во кој таа признава: „Размислувам за отворање на стаклените врати, бесшумно прикрадувајќи се во кујната. Ана седи на масата. Ја грабнувам од позади мотајќи ја нејзината долга плава коса околу моите прсти и ја повлекгувам главата назад, па ја повлекувам на подот и и ја удирам главата од ладните плави плочки.“

Во сценариото на Вилсон, поголем дел од гневот на Рејчел – вклучувајќи ја и споменатата насилна фантазија (визуелизирана погоре) – е насочен кон Меган.

Низ романот и филмот, во нејзините алкохолизирани сеќавања Рејчел често ги меша Ана и Меган. Вилсон објаснува дека гневот на Рејчел е резултат на тагата и болката поради аферата коај нејзиниот споргу ја имал со Ана и распаѓањето на нејзиниот брак, па Рејчел почнува да го проектира нејзиниот гнев на друг прељубник. „Кога ќе види дека Меган всушност има афера таа на некој начин ги префрла чувствата за Ана кон Меган. Малку се збунува. Мислам дека дури и без алкохолот во сликата може да се случи тоа како последица на неверството.“

Со насочување на гневот на Речјел кон Меган филмот се обидува да фрли повеќе сомнеж на Рајчел како убиецот во очите на публиката.

3. Што се постигнува со тоа што Рејчел е дел од Анонимни Алкохоличари?

What is accomplished by actually having Rachel be a member of Alcoholics Anonymous?

Една особено емоционална сцена е онаа каде Рејчел на состанок на Анонимни Алкохоличари зборува за тоа како се разбудила покриена со крв и модринки утрото по исчезнувањето на Меган. Во книгата Рејчел зборува дека ќе оди, но никогаш всушност не оди на состанок на АА.

За Вислон вклучување на АА во филмот дава прилика за оживување на начинот на размислување на Рејчел. „Морав да покажам и разјаснам дека таа вскушност превземаше чекори кон нејзиното лекување и отрезнување и дека е целосно преплашена од она што можеби го сторила,“ рече таа. „Во книгата тоа беше прекрасно направено со внатрешниот монолог, но не можев да дозволам целиот филм да биде исполнет на тој начин. Па така посетата на Анонимните Алкохоличари беше наједноставното решение.“

Дополнително Вилсон сакала филмот да не се занимава со алкохолизмот, туку и со тоа како се губи трезвеноста. „Мислам дека она што повеќето од нас го знаат за алкохолизмот е дека е болест која ти се „прикрадува“,“ вели таа, додавајќи дека денот кога некој ќе престане да пие е често појасен од денот кога тој повторно ќе почне. „Понекогаш ќе погледнеш некој и велиш „Мислев дека престана да пиеш! Нели помина низ чекорите?“. Тоа сакав да го направам со неа: да покажам како се оттргнува од пиењето и потоа повторно почнува. Затоа што тоа не е едноставно. Потребно е повеќе за да се задржи трезвеноста!“

4. Кога двајцата полицаијци станаа еден?

When did the two cops become one?

Двајца полицајци работат на пронаѓањето на Меган во книгата, но во филмот таа одговорност паѓа на само еден: детективката Рајли (Allison Janney). Оваа не била тешка одлука. „Тоа се случува кога ја имате Алисон Џани,“ се пошегува Вилсон. „Устата ми остана подотворена кога ја видов нејзината изведба. Си мислиш дека тоа е само обична, рутинска улога додека таа не „влезе во чевлите“ на полицајката. Му даде димензија на ликот и мислам дека беше правилна одлуката да и ја довериме целата полициска нишка од приказната.“

Улогата доби уште повеќе на тежина со неколку дополнителни сцени, вклучувајќи ја и онаа каде Рајли и Ана зборуваат за нестабилноста на Рејчел. „Потребно беше да се зголеми надворшната закана кон Рејќел,“ вели Вилсон за пишување повеќе сцени со Рајли. „Во книгата внатрешната закана е силна – нејзиниот страв од себе и нејзината неспособноста да се сети, како и лажните спомени. Во филмот сакав да ја замсилам надворешната закана. Затоа улогата на Алисон беше поголема и доста важен дел од кулминацијата на филмот.“

5. Зошто филмот ја изостави приказната за Меган како „убиец на бебиња“?

Why did the film omit Megan's "baby killer" story line?

За време на еден разговор со нејзиниот психолог Камал Абдич (Édgar Ramírez), Меган признава дека како тинејџерка родила дете кое подоцна го удавила во када додека се уште било бебе. Ова откровение, како што е раскажано во книгата, го вклучува и признанието на Меган дека таа воопшто не ја сакала бременоста, оставајќи го читателот да размислува дали е можно Меган пасивно да си го убила бебето. За ова признание го дознаваат медиумите кои незаситно го покриваат нејзиното исчезнување и Меган набрзо го добива прекарот „убиец на бебиња“. Сепак вториот дел од оваа приказна е испуштен во филмот.

„Сакав да ја задржам комплексноста на женското искуство и да ја пренесам верно од книгата во филмот. Темата за несакање дете е многу интересна тема и тема која не е често разработувана,“ рече Вилсон. „Но таа комплексност не одеше во прилог на приказната која се разви во филмот.“

6. Што се случи со сцената во која Скот и Рејчел имаат секс?

What happened to the scene where Scott and Rachel have sex?

Се поголемата залуденост на Рејчел по Скот е добро прикажана на големиот екран, но – за разлика од книгата – Рејчел и Скот не спијат заедно во филмот. „Сакав Рејчел целсно да биде фиксирана на фантазијата и на нејзиниот бивш сопруг,“ вели Вилсон. „Не сакав да се впушта во романтична врска, да допира; сакав да живее целосно во „царството“ на фантазијата, фрустрацијата, сонувањето и тагата.

Иако на почетокот имала напишано две љубовни сцени, двете биле исфрлени од истата причина. „Чувствува дека таа сцена – како и сцената која ја напишав за моментот кога таа има секс со еден оженет маж во возот – навистина го уништија моето верување за Рејчел. Не значи дека ако е несигурен лик дека има секс со секој што ќе помине покрај неа. Ми беше важно да задржам дел од нејзината невиност.“

7. Од каде се појави ликот на Лиса Кудроу?

Where did Lisa Kudrow's character come from?

Од сите значајни ликови во филмот, еден е целосно создаден од Вилсон. Марта (Lisa Kudrow), жената на поранешниот шеф на Том, не се појавува многу во филмот, но нејзините моменти се клучни. Краткиот поглед во поминување го вади на површина сеќавањето на Рејчел за забавата каде што пијана направила сцена пред работните колеги на Том и Марта. Средбата со Марта и овозможува на Рејчел да ги преиспита вистините позади нејзиниот алкохолизам, нејзиниот брак и како обата се повразни со исчезнувањето на Меган.

„Психолошката манипулација во филмот стана нешто што мораше да биде посилно драматизирано него во книгата, бидејќи немаше да ја има истата силина,“ вели Вилсон за бавното откритие на Рејчел за манипулациите на Том. „Мислам дека таа информација мораше да биде силно пренесена и Тејт дојде до идеја Лиса Кудроу едноставно да го каже сето тоа. Да нема повеќе заобиколување. Мислам дека има моменти кога тоа е правилното нешто што треба дасе направи и ова беше таков момент. Да се земе еден елемент од книгата кој е веќе таму и да се претвори во вистински лик.“

Второто сценарио исто така нуди неочекуван заплет за фановите на книгата: шокантниот напад на Рејчел во голф клубот во книгата, во филмот е всушност извршен од Том. „Тоа е една од оние работи каде книгата ги има сите оние ѕвезди кои светат силно и се држиш до нив бидејќи сите тие покажуваат на истото – „Ова е икуство во духот на „Девојката во возот““. Сите тие нешта требаше да бидат во филмот, но некогаш мораше и малку дас е изменат. Кога се адаптира волку популарна книга важно е да се задржи сржта на делото но и да се скршат очекувањата без да се искасапи книгата. За мене во тоа се криеше радоста на адаптирањето на оваа книга.“

Извор: Buzz Feed News

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s