11 книги кои ќе ја сменат вашата перспектива за менталните болести

Денес, 10 октомври, е „Светскиот ден на менталното здравје“. Датира од 1992 година, а започнал да се слави на иницијатива на „Светската федерација за менталното здравје“. Неговата цел е да се зголеми информираноста и свесноста за менталните болести, како и за потешкотиите со кои се соочуваат луѓето кои се болни од нив.

Во чест на овој ден погледнете ја оваа листа на книги кои можат да ја сменат вашата перспектива за менталните болести, која беше објавена од Huffington Post.

1. Пладневниот демон: Атлас на депресијата – Ендру Соломон

512bwme2bcnrl-_sx319_bo1204203200_

Сметана за една од најважните книги за депресијата, „Пладневниот демон“ од новинарот Ендру Соломон ни ја носи неговата приказна за неговото сопствено искуство со депресијата и ни претставува опширни информации на темата. Митови, третмани и сведоштва од неколку луѓе кои страдаат од депресија можат да се пронајдат во оваа книга која ја доби Националната книжевна награда во 2001 и беше финалист за Пулицеровата награда за општа документаристика во 2002. Повеќе за работата и искуствата со депресијата на Соломон може да дознаете со гледање на неговиот настап наTED Talks.

2.   Прирачник за оптимисти – Метју Квик

81mirs-ha3l

Забавниот роман на Метју Квик, кој беше филмуван во 2012 година, ја раскажува приказната за Пет, млад учител кој само што излегол од психијатриска болница. Тој се запознава со Тифани, која од неодамна е вдовица и која го убедува да се натпреваруа со нејзе во натпревар за балско танцување. „Прирачник за оптимисти“ ни дава слика за тоа како е да се живее со депресија, анксиозност и промени на расположението на еден забавен и трогателен начин.

3. Твојот глас во мојата глава: мемоар – Ема Форест

51-ghmz13gl

Во овој мемоар британската новинарка Ема Форест отворено зборува за нејзините искуства со депресија, нарушувања во исхраната, самоуништувачко однесување и обиди за самоубиство. Откако ќе излезе од една интензивна врска и нејзиниот психијатар неочекувано ќе почине, Форест одлучува да се соочи сама со своите проблеми. „Твојот глас во мојата глава“ ги кани читателите да размислат за врската која ја имаат со самите себе.

4. Мојот живот со анксиозноста: страв, надеж, ужас и потрагата по мирен ум – Скот Стосел 

51okuawalgl-_sx322_bo1204203200_

 

Оваа книга е делумно мемоар, а делумно репортажа. Во неа американскиот новиран Скот Стросел храбро пишува за неговите најтешки анксиозни епизоди, нудејќи огромен број информации поврзани со темата. „Да се соочиш и да ја разбереш анксиозноста значи да се соочиш и да ја разбереш човечката сосотојба,“ пишува тој.

5.  Стакленото ѕвоно – Силвија Плат

belljar-madness

Оваа американска литературна класика, првично објавена во 1963, е една од најпроминентните книги за депресијата. Силвија Плат, која е најпозната по својата поезија, го напиша својот единствен роман под псевдонимот Викторија Лукас. Овој автобиографски роман ја раскажува приказната за Естер Гринвуд, млада писателка која живее со депресија и која се бори да се адаптира на нејзиниот нов живот како новинарка во Њу Јорк. Плат извршила самоубиство кога имала 30 години, еден месец по објавувањето на книгата во Велика Британија. „Стакленото ѕвоно“ стана значаен текст во феминистичките и литературните студии.

6. Lowboy – Џон Вреј

8889083

Вилијам Хелер, шеснаестгодишник кој живее со шизофренија, бега од психијатриска болница и се впушта во авантура низ подземните лавиринти на њујоршкиот систем за подземна железница (метафора за неговиот ум) додека неговата мајка ја ангажира полицијата да го пронајде. Авторот Џон Вреј се смета за еден од најветувачките таленти во современата американска литература.

7. Мажот која ја смеша жена си со шапка – Оливер Сакс 

man-who-mistook-his-wife-for-a-hat

Во една од неговите најпознати книги, покојниот британски невролог Оливер Сакс користи едноставен јазик да ги објасни историите на неговите пациенти, вклучувајќи го П., професор по музичко кој ја смешал жена си со шапка.

8. Госпоѓа Даловеј – Вирџинија Вулф

 

512bs4ti5fzl

Во овој роман од 1923, англиската писателка Вирџинија Вулф внимателно документира еден ден од животот на лондоската домаќинка Клариса Даловеј додека таа се потговува за забава која ќе се оддржи во нејзиниот дом. Паралелно со сето тоа таа ни ги претствува и одлуките и потешкотиите со кои се соочуваат другите ликови. Преку Септимус, ветаран од Првата светска војна, авторката ги преиспитува методите кои се користеле за третман на менталните болести во тоа време. Вулф, која страдала од биполарно растројство и живеела со епизоди проследени со длабока депресија, се самоубила на возраст од 59 години. Преку нејзините критики за општествените стандари таа стана дел од историјата како литературна, феминистичка и ЛГБТ икона.

9. Игра во ’ржта – Џ. Д. Салинџер

the-catcher-in-the-rye-cover-6c8dab7d64192277315d6bf528d6f7b2

Бесен на човечкото лицемиерие и уништувањето кое го донела Втората светска војна тинејџерот Холден Каулфиелд сонува за самоубиство и искусува тага, носталгија и фрустрација. Оваа книга е бесмртна класика на американската литратура и ни носи слика на тоа како социјалните проблеми и хаосот влијаат на осетливите умови.

10. Часовите – Мајкл Кунингхам

51jfbijbo4l

Комбинирајќи фикција и документаристики Мајкл Кунингхам елегантно опишува еден ден од животот на трите ликови, откривајќи ни ги нивните односи со депресијата и анксиозноста, како и улогата која самоубиството ја игра во нивните животи. Во 1949 домаќинката госпоѓа Браун ги открива книгите на Вирџинија Вулд и наоѓа мотивација да направи промени во нејзиниот живот. Во 2001 друг лик наречен Кларис планира забава за нејзиниот поранешен дечко кој умира од медицински компликации поврзани со сида. „Часовите“ ја освои Пулицеровата награда за фикција во 1999.

11. Човекот кој не можеше да престане – Дејвид Адам

 

9781447277682the20man20who20couldn-t20stop

Новинарот Дејвид Адам, уредник на спизанието Nature, зборува за своето лично исксутво со опсесивно компулсивното растројство и ги деконструира прерасудите во обид да создаде разбирање. „Човекот кој не можеше да престане“ раскажува трогателни приказни за луѓе со ОКР со едноставен јазик.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s