Петочна поезија: „Библиотека“ – Ернст Јандл

Ернст Јандл е австриски писател, поет и преведувач. Под влијанието на Дада тој почнал да пишува експериментална поезија. Неговите поеми се каратеризираат со игра на зборови, често на ниво на фонемите. Пример за тоа е и неговата позната песна „Ottos Mops“. Неговите песни подобро се разбираат откога ќе се прочитаат и е тешко да се преведат на други јазици. Предавањата кои ги држел биле многу популарни, особено поради начинот на кој ги изведувал сопствените поеми.

ernst-jandl-1-foto-aleksandra-pawloff-300dpi1-989x1024

Библиотека

тие многубројни букви
кои не можат да заминат од своите зборови

тие многубројни зборови
кои не можат да заминат од своите реченици

тие многубројни реченици
кои не можат да заминат од своите текстови

тие многубројни текстови
кои не можат да заминат од своите книги

тие многубројни книги
со толку прашина врз себе

таа добра чистачка
со перушка


Како бонус погледнете го ова видео од претстава инспирирана од неговата поезија:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s