Колку време било потребно за да се напише вашата омилена книга? [инфографик]

Планирате да го напишете следниот роман кој ќе го промени светот? Нема да биде лоша идеја за тоа да одвоите значителен дел од вашето време.

Овој зачудувачки инфографик го има обработено наводниот временски период кои им бил потребен на 30 автори за да ги напишат некои од нивните најславни дела и опсегот е неверојатен (од 2,5 дена до 16 години). Воглавно изгледа дека следниот голем американски роман не може да биде напишан за време на NaNoWriMo (Национален месец за пишување романи).

Секако дека постојат ретки исклучоци – за да го напише “As I Lay Dying”,едно од неговите ремек дела, на Вилијам Фокнер му биле потребни само шест недели. Од друга страна Стефани Мејер го напишала „Самрак“ за три месеци. (Не може сите да бидеме како Фокнер.)

На другиот крај од скалата се наоѓа Толкин кој поминал 16 години пишувајќи го „Господарот на прстените“. Сепак тука се работи за времето кое му било потребно за да ја напише целата трилогија.

Тоа може да послужи како некоја мала утеха за фановите на серијалот на Џорџ Р.Р. Мартин, „Песна за мразот и огнот“, каде во моментов се очекува објавувањето на наредната книга од серијалот (се уште нема точна дата на објавување). Можен додаток на инфографикот – Џорџ. Р.Р. Мартин, „Песна за мразот и огнот“, 47 години.

Она што можеме да го заклучиме од овој инфографик е дека понекогаш добрата фикција не може да се брза. Или ако сте Џон Бојн, трескавично пишувајќи роман од 224 страни за неколку дена, не може да се успори. За какво дело и да се работи, ќе биде завршено кога ќе дојде времето за тоа.

57e968e31700002900ac742d

Детална верзија на инфографикот.

Извор: HuffingtonPost

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s