10 чудни факти за легендарниот чудак Курт Вонегат

Курт Вонегат е американски писател кој пишувал повеќе од 50 години. Во текот на неговата долга кариера има издадено 14 романи, три збирки раскази, пет драми и пет стручни дела. За негово најпознато дело се смета романот „Кланица 5“.

Неговите книги се чудни и сатирични, а и тој самиот бил сметан за доста чуден човек. Погледнете ги овие 10 чудни факти за легендарниот чудак Курт Вонегат, кои Book Riot ги состави како дел од нивниот Kurt Vonnegut Reading Day во 2012.

10. Војувал против точката и запирката

Жестоката пресуда на Вонегат била: „Тие се трансвестивни хермафродити кои не означуваат апсолутно ништо. Се што покажуваат е дека си бил на факултет.“

9. Си ги оценил сопствените книги

Си дал А+ за „Кланица 5“, B- за „Добредојдовте во мајмунската куќа“, C за „Појадокот на шампионите“ и D за „Среќен роденден, Ванда Џун“. Погледнете што Вонегат кажал за тоа:

8. Морал да го напушти универзитетот Батлер во Индијана 

Не можел да добие поголема оценка од C по неговите предмети по англиски. Винстон Черчил, Томас Едисон, Албер Ајнштајн, Курт Вонегат… постои ли паметна позната личност која всушност била успешна за време на школувањето?

7. Студирал биохемија, механичко инжињерство и антропологија на различни универзитети, но никогаш не завршил

Можно ли е да живееш 84 години и никогаш да не посакаш да ги завршиш факултетите кои си ги започнал? Можно ли е да си толку паметен и толку да немаш концентрација па ти се здосадиле биохемија, механичко инжињерство и антропологија пред да можеш да завршиш? Можно ли е да си имал три практични студии и сепак да одлучиш да станеш писател на научна фантастика? Имаме толку многу прашања за духот на Вонегат.

6. Постои верување дека др. Сус и Курт Вонегат учеле заедно на факултет и биле во исто братство

Тоа било побиено од Snopes. Навистина е тапа кога лагата е покул од вистината. Но, тука сепак се крие забавен факт – според Вонегат, во дел од неговиот автобиографски колаж „Судбина полоша од смрт“, во зградата во која се наоѓало братството во кое членувал ВОнегат имало некои цртежи на ѕидовите кои биле нацртани од Теодор Гисел т.е. др. Сус!

5. Кон средината на февруари 1976 поштенското сандаче на Вонегат се наполнило со картички за сочуство

Никој не бил починат. Тогаш Вонегат се сетил дека 13 февруари 1976 е денот кога Били Пилгрим умира во „Кланица 5“.

slaughterhousefivequotes1

4. Преживеал бомбардирање во Дрезден во 1944

Подоцна бил испратен дома со смрзнатини во 1945. Не е чудно што Вонегат пишувал како што пишувал. Неговиот живот бил како една од неговите приказни. Исто ја добил наградата Пурпурно срце поради смрзнатиците.

3. Вонегат бил лудит кој никогаш не користел компјутери

Го обожавал чувството при пишување на машина за куцање. Курт, си бил толку гангстер. Курт, исто така си бил таков старец.

2. Вонегат бил доживотен пушач

Причина за тоа била неговото мислење дека тоа е „елегантен начин да се изврши самоубиство“.

1. Според Saturday Evening Postтој секогаш пишувал на светлината од неговата црвена петел-светилка. 

Ова може да го сметаме за чудно и слатко истовремено.

vonnegutoffice

Извор: BookRiot (статијата е дел од Kurt Vonnegut Reading Day – 30.10.2012)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s