Драги нечитатели: престанете да ни ги велите овие работи

Драги нечитатели,

читателите не се еднорози. За нас не е потребен посебен третман, ниту ги броиме минутите додека можеме да ве откачиме и да отидеме кај нашите книги (најчесто). Меѓутоа би го ценеле тоа ако луѓето околу нас престанат да се впуштаат во т.н. нечитачко однесување. Ако сте нечитатели, ова е за вас. Ова е тоа што не треба да го правите ако сакате да бидете во врска со читател, да имате читател за пријател или едноставно да муабетите со него.

1. „Колку книги имаш?“ Не знам. Следно прашање.

2. Немојте да претпоставувате дека е во ред да не прекинете. Знаете ли колку пати луѓе претпоставиле дека е во ред да ме прекинат бидејќи јас само читам, а тоа не е како да правам нешто важно? Да, не знам ни јас. Пречесто се случува.

3. Немојте да не прашувате зошто читаме толку многу. Ни се допаѓа. Прифатете го тоа. Или ние ќе треба да започнеме да ве прашуваме постојано зошто уживате да гледате како луѓето трчаат по фудбал или по некој друг вид на топка.

4. „Па јас немам време да читам.“ Ах, да. Затоа што ти си едниствениот вистински возрасен со вистински живот кој вклучува вистински обврски. Очигледно е дека читателите се читатели само поради тоа што имаат премногу слободно време. Ќе најдеме работа и ќе го исправиме тоа за брзо.

5. „Немаш ли нешто подобро да правиш?“ Па да, штом праша. Треба да одам да си го наострам ножот, за да можам да те прободам. САКАМЕ ДА ЧИТАМЕ. Прифатете го тоа!

6. „Мора да си бил огромна бубалица во школо.“ Впрочем бев. Но препоставувањето на тоа за баш секој читател само врз основа на фактот дека чита е смешно. Со сета должна почит.

21cea4d8bd5df1965f49b3598bf682f9

7. „Зошто читаш толку? Дали не сакаш луѓе?“ Чудно што праша. Во моментов и не сум баш љубител на луѓе.

8. Сериозно, не сме сите осаменици.

9. Не прашувајте не зошто трошиме толку многу пари на книги. Досадно е. Веројатно тоа прашање не го поставувате на луѓето кои трошат пари на облека или најнова технологија.

10. „Зошто воопшто имаш членска картичка од библиотека?“ Зошто ти имаш Нетфликс и кабелска? Се работи за истиот принцип.

11.„Зошто постојано купуваш нови книги ако ги немаш прочитано тие кои ги имаш дома?“ Добро прашање. Бидејќи толку многу добри книги се објавувааат секој ден? Бидејќи ако не го купиме изданието од оваа класика која постојано се препечатува може да се распродаде? Затоа што имаме проблеми?

12. (Одговорот е се од горе наведеното.)

13. Немојте да претпоставувате дека мразиме телевизија. Совршено сме среќни да поминеме едно попладне гледајќи Luke Cage.

13. „Нели веќе ја прочита книгава?“ „Да, и?“

14. Не, не се грижиме за предностите на минимализмот. Оставете ни ги книгите на мир!

Искрено,
Читател

 

Извор: BookRiot

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s