Започна „симнувањето ѕвезди“ на второто издание на фестивалот на европска литература BookStar

Вчера во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, беше отворено второто издание на фестивалот на европска литература „BookStar“, кој е во организација на Книжевен центар „Антолог“.

Отворањето започна со краток актерски перформанс кој беше драматизација на дел од романот „Холандската девица“ на холандската писателка, Маренте де Мор, која пак беше гостинка на вечерта. Книгата е приказна за 18-годишната Јана која е испратена од татко си во Германија кај мистериозниот Егон фон Бетихер, кој треба да ја научи да мечува. Дејството се случува во 1936, на раб од голем историски пресврст, кој за Јана носи и индивудална промена.

20161024_202424.jpg

Директорот на фестивалот, Жарко Кујунџиски, накратко и се обрати на присутната публика, давајќи кратко преглед на фестивалот и неговата тема, која оваа година е поврзана со писателките. Ќе имаме можност да видиме четири исклучителни писателки од Европа, една македонска писателка од новиот бран, антологија на современите македонски поетеси, антологија на најубавите песни од европски авторки, а книжевната трибина, исто така, е посветена на оваа тема. Зборуваше накратко и за инспирацијата позади овогодинешниот слоган на фестивалот, „Симни ми ѕвезда“, кој е инспириран од поезијата на Никола Маџиров.

20161024_202701.jpg

Главен промотор на романот беше Александар Прокопиев. Тој рече дека ќе зборува од перспективата на читател, а не на книжевен критичар. Исто така нагласи дека резимето, кое претходно беше прочитано, не е доволно за да ја долови „Холандската девица“. Објасни дека се работи за сложен роман со комплексна приказна, кој е навистина добро напишан.

Пред да почне подробно да зборува за романот Прокопиев ја запраша публиката дали познава некои холандски автори. Самиот ја наведе Ана Франк, објаснувајќи дека многу малку сме запознаени со холандската литература и нагласувајќи дека малите јазици, како холандскиот и македонскиот, сепак можат да служат за создавање на квалитетни дела.

Тој го смета овој роман за приказ на едно возбудливо време и за галерија на интересни ликови, за кој зборуваше малку повеќе. На крајот од своето излагањето тој го постави прашањето: „Дали и ние живееме во слично транзиционо време?“

14853247_1220109594711897_632108628554568993_o

Имавме можност да слушнеме извадок од книгата прочитан на холандски од самата Маренте де Мор, а потоа истиот го слушнавме преведен и на македонски. Во текот на читањето на Маренте заѕвони нејзиниот телефон, по што таа искоментира дека ја бара нејзиниот татко. Мислам дека ова докажува дека колку и да си познат или возрасен, родителите секогаш ќе те бараат да проверат каде си и како си.

На читањето се надоврза и излагањето на преведувачката на делото од холандски на македонски, Ели Пујовска. Таа зборуваше за преведувачкиот процес, најгласувајќи дека не се преведува само јазик, туку и култура. За да се создаде еден квалитетен превод потребно е преведувачот да се внесе во романот и да се соживее со ликовите. Добрите преведувачи се и добри читатели. Вистински квалитетниот превод, кој треба да не ја затемни светлината на делото, туку да направи таа посилно да блесе, Пјуовска го спореди со скулптура од кристал.

20161024_205424.jpg

На крајот Маренте зборуваше за својата книга, нагласувајќи дека не очекувала да биде толку успешна и дека ќе стигне дури до Македонија. На Македонија гледа како егзотична земја и е позитивно изненадена од топото добредојде.

Романот го пишувала три години, а главната испирација за него било мечувањето, кое таа го гледа како спој на рационалност и страст, како и градот во кој живеела, кој бил полн со историја. Смета дека е многу неблагодарно како возрасна личност да се пишува од перспектива на адолесцент. Во однос на процесот на пишување вели дека не пишува брзо и дека кај не се е одлука. Нејзиниот артистичен процес може да се пронајде во секој збор. Најмалку сака да пишува дијалози. За она што и го движи процесот на создавање и инспрацијата, вели дека може да биде љубов, но често е и омраза.

14859919_1220141464708710_4455741770963587450_o1

Вечерта заврши со потпишување на книги од страна на авторката и со концерт на групата The Hounds.

Фотографии: Мартина Јанеска / Антолог

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s