Несудените наслови на големите романи

Ако некогаш сте напишале поема, расказ, роман… всушност било што креативно, тогаш знаете дека воопшто не е лесно да се напише насловот. Насловите се важни, тие не информираат и не заинтригируваат за она што следи. Избирањето на наслов дефинитивно се сведува на процес на обиди и грешки. Се што ние, како читатели, гледаме е завршниот производ. Работата која е вложена во насловот останува невидлива. Некои писатели дури го креираат насловот по завршувањето на делото!

Благодарение на инфографикот од Jonkers Rare Books, мноштво необјавени наслови на некои од најиконските дела сега се откриени. Погледнете ги овие работни наслови кои познатите писатели ги користеле пред да го пронајдат вистинскиот.

1. „Гордост и предрасуди“ → „Први впечатоци“

„Први впечатоци“ на Џејн Остин, според Jonkers, била завршена во 1796, но Остин не успеала да обезбеди издавач се до 1811 откако ја напишала „Разум и чувствителност“. Историчарите мислат дека името „Први впечатоци“ било променето за да ја одрази ревидираната приказна.

2. „Тајната градина“→ „Госпоѓица Мери“

Овој работен наслов на авторот Френцис Хоџсон Барнет може да се однесува на главниот лик на романот или да е референца на англиската детска песничка “Mary, Quite Contrary”, според која е именувано и едно поглавје во книгата.

3. „Малата Дорит“→ „Ничија вина“

Сите ликови во „Малата Дорит“ на Чарлс Дикенс се жртви на околностите и општеството. Романот е полн со коментари и критики за општесвото. Работниот наслов дефинитивно алудира на концептот на книгата, меѓута Дикенс одлучил дека проблемите во општеството се всушност вина на сите негови членови, па насловот станал излишен.

4. „Големиот Гетсби“→ „Трималкио во Вест Ег“

Фитцџералд одлучил дека референцата која сакал да ја направи во насловот најверојатно ќе биде премногу нејасна за неговите читатели (и дефинитивно бил во право). Трималкио е главниот лик во “Saytricon” на Петрониус. Меѓутоа во романот имало само еден цитат за Трималкио, па Фитцџералд одлучил да го смени.

5. „Добриот војник“→ „Најтажната приказна“

За време на објавувањето на романот во 1915 Англија влегла во Првата светска војна. Форд го предложил насловот на шега, но тој им се допаднал на неговите издавачи и на крајот останал.

6. „Господарот на мувите“→ „Странци одвнатре“

Првичниот избор на Вилијам Голдин во поглед на насловот бил сметан за премногу „апсурден“ и премногу „експлицитен“. Меѓутоа еден од издавачите кои работел со него му предложил нов наслов кој изглело дека е превод на хебрејскиот збор за ѓаволот: Beezlebub.

7. „Мојата борба“→ „Четири ипол години борба против лаги“

Нема сомневање дека Хитлер сакал јавноста да застане на негова страна откако експлицитно рекол дека неговата борба е против лажговците. Сепак не е изненадувачки што издавачите сакале да го скратат насловот, па книгата ја крстиле „Mein Kampf“, што всушност значи „Мојата борба“.

8. „Да се убие птицата подбивница“→ „Атикус“

Иако сите можеме да се согласиме дека Атикус Финч е буквално татко број 1, Харпер Ли сфатила дека не сака нејзиниот роман да биде именуван според само еден лик. Па така го сменила името со цел да го одразува романот во негова целост.

9. „Однесено од виорот“→ „Утре е нов ден“

Тешко е да се замисли дека романот на Маргрет Мичел некогаш носел друго име, бидејќи тој е врежан во аналите на поп културата. Мичел одлучила да ја искористи последната реченица од романот како наслов, но потоа се премислила и избрала стих од поемата на Ернест Досон -“Non Sum Qualis Eram Bonae sub Regano Cynarae”.

10. „Лолита“→ „Кралството покрај морето“

Уште еден злогласен наслов, кој е уште потешко да се замисли со алтернативно име, доаѓа од Владимир Набоков кој додека пишувал бил под големо влијание на поемата „Анабел Ли“ од Едгар Алан По. На крајот, иако се уште бил под влијание на поемата, решил да го промени во „Лолита“.

11. „1984“→ „Последниот човек во Европа“

Работниот наслво на Орвел ги одразува неговите лични чувства на изолација додека го пишувал овој роман. Во тоа време тој живел во физичка изолација на островот Јура. Оваа изолација е одразена и на ликот на Винстон и колку изолиран тој се чувствува во сопственото општество.

12. „Атлас слегна со рамената“→ „Ударот“

Ајн Ранд, загрижена дека првичниот наслов оддава премногу информации, решила дека „Ударот“ премногу навестува и би ја уништил неизвесноста за читателот. Нејзиниот сопруг го предложил насловот  „Атлас слегна со рамената“ и сега тој е иконски наслов во литертурата.

13.  „Глувци и луѓе“→ „Нешто што се случи“

Ова е една од промените на подобро. Работниот наслов ја разводнува приказната, бидејќи се работи за повеќе од едно нешто што се случува. Стајнберк сакал да ја пренесе идејата дека ништо од тоа што се случува во приказната е вина на неговител икови. Меѓутоа поемата „To a mouse“ од Robert Burns го инспирирала да го создаде насловот кој го знаеме денес.

14. „Војна и мир“→ „All’s Well that Ends Well“

Овој роман на Толстој ја исражува позадината на војните кои се случиле пред 1864 (Кримската војна и инвазијата на Наполеон на Русија) и сакал да го смени насловот со цел да ја одрази главната тема на романот.

15. „Brideshead Revisited“→ „Куќа на вербата“

Евелин Вауг сакал да напише католички роман што ќе стане дел од вечноста. Нејзиниот првичен наслов е одраз на ова и алудира на црквите. Меѓутоа во текот на работата на романот католичките елементи станале помалку важни од самите ликови. Насловот сега се однесува на главниот лик и целосно гласи: Brideshead Revisited: The Sacred and Profaine Memories of Captain Charles Ryder.

Кој од овие наслови најмногу ве изненади или шокира? Како вие би ги именувале овие романи ако имате избор? Се на се очигледно е дека за да се создаде голем роман потребно е време и дека многу често добрите наслови доаѓаат од неочекувани места.

Извор: BookStr

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s