Tsundoku – јапонскиот збор за складирање книги кои никогаш не ги читаме

Толку многу книги, толку малку време. Во ерата на претерана медиумска конзумација премногу често купуваме многу книги кои никогаш не стигнуваме да ги прочитаме.

Тоа изгледа некако вака: Прочитај ја набрзина рецензијата. Купи ја книгата на Амазон со 1 клик. Разгледај уште малку. Купи уште 2-3 книги. Остави ги нигите на ноќната масичка. Повтори го процесот 2 недели подоцна. Искарај се што ги уништуваш дрвата.

Се работи за толку честа појава што дури има и посебен збор на Јапонски, како и група за поддршка на Goodreads.

Tsundoku е складирање на книги кои никогаш не биле „конзумирани“. Сахоко Ичикава, професор по јапонски на универзитетот Корнел, објаснува дека tsunde значи „да складираш работи“, додека oku значи „да се остави за некое време“. Зборот настанал во Јапонија во доцниот 19ти век во ерата Меиџи од игра со зборови. Околу смената на вековите зборот oku бил заменет со doku што значи „да чита“. Но бидејќи  tsunde doku било тешко за изговорање, зборот се трансформирал во tsundoku.

tumblr_mrrvnt1wdw1qdo62to1_r1_500

На Goodreads пак може да се пронајде групата Book Buying Addicts Anonymous, каде засегнатите се собираат да разговараат за финансиките и психолошките последици. Непрочитаните книги симболизираат лекомислен трошоци и неуспеси, кои се трупаат. Онлајн библофилите ги признаваат своите чувства на вина, а некои дури и ги кријат купените книги од фамилијата.

„Го разбирам твоето чувство на вина. Живеам со брат ми, жена му и три деца и морам да ги шверувам книгите во куќата. Колку е тоа тажно? Најмногу го правам тоа затоа што не сакам повторно да слушам – „Зарем купи уште книги? А каде планираш да ги чуваш?“,“ пишува еден член на групата. Друг додава дека најмногу чувствува вина кога ќе тргне пари на сметка, надевајќи се дека ќе бидат заштеда, а потоа ги троши на аукции на книги на eBay.

Други пак го рационализираат ова однесување. „Сепак тука не се работи за некоја илегална супстанца која ќе те повреди тебе или некој друг. Плус, сфатив дека сите го имаат тоа едно нешто по кое забегуваат,“ пишува друг член.

tumblr_lp7stfssfg1qm647ko1_500

Поголем дел од Американците се согласуваат дека, теоретски, читањето на физичка копија од книгата е исплатливо. Според извештајот за читачките навики на Pew Research 73% од Американците прочитале барем една книга во последната година, а средниот број бил четири книги годишно. Околу две третини од испитаниците изјавиле дека читале печатени книги, споредено со 28% кои читале е-книги и 14% кои се одлучиле за аудио книги.

Самото присуство на печатени книги може да предизвика пријатни (или болни) чувства на носталгичност и копнеж по катарзичното ослободување кое доаѓа со нивното читање. Боенките пак се во најголем дел одговорни за порастот на продажбите на печатените книги во САД и Велика Британија. Тоа што не можеме да најдеме време да ги прочитаме може да ја храни нашата желба за купување нови. Според зборовите на Британската писателка Џенет Винтерсон: „Собирањето на книги е опсесија, занимање, болест, зависност, фасцинација, апсурдност, судбина. Тоа не е хоби. Тие кои го прават тоа го прават затоа што мораат.“

Извор: Quartz

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s