Петочна поезија: „Чекајќи го чудото“ – Леонард Коен

Леонард Норман Коен беше канадски пејач, кантавтор, поет и писател. Во неговите дела тој зборуваше за религија, политика, изолација, секусуалност и личните врски. Во текот на својот живот се има закитено со огромен број награди и е дел од Canadian Music Hall of Fame и Canadian Songwriters Hall of Fame како и Rock and Roll Hall of Fame. Носител е на Канадскиот орден, највисоката цивилна чест во Канада. Во 2011 ја добил наградата Prince of Asturias Awards за литература. Почина денеска на 82 годишна возраст. Оваа „Петочна поезија“ е во негова чест.

lwl002

Чекајќи го чудото

Душо моја, чекам
чекам ноќ и ден
пол живот во слепило
на чекање сум плен.
Покани едночудо,
Знам, и ти по некоја ми прати
ама јас за чудо изгорен,
го чекав чудото со саати.

Ме љубеше, несомнено,
но, рацеве на гром му биле мета,
и знам ова те погоди
и тебе и твојата суета.
Под пенџер да стоиш
со гајда и зурла-тага
а јас горе чудо чекам,
од чудо да видам трага.

Не си ти за овде душо,
мераците брзо ќе ти минат
севдалинки овде нема
а грешките скапо чинат.
Маестро вели, Моцарт ќе е,
но звукот некако распукано звучи,
кога чекаш чудо
кога чекаш чудо
чудо кога чекаш да се случи.

Времето за чудо плаче
за сè друго смртен кревет
олку не сум била среќна
дур од март, деведесет и девет.

За сè друго смртен кревет
кога знаеш кај те нема.
За сè друго смртен кревет
кога сал за трошче едно молиш.
За сè друго смртен кревет
кога знаеш дека чекаш
и ќе чекаш чудо,
Зошто чудо толку болиш?

Сношти беше душо моја
кога на сон ти ми слета.
Голотија место ноќна руба
исткаена светлост света.
Песокот на времето се срони
од палчето, прстињата твои
и види чудо, и ти чудо чекаш
и за тебе времето за чудо ќе стои.
Душо слатка, ајде да се венчаме
самоста не отепа и тебе и мене.
Па во самост иднина заедно да градиме
да видиме дали сме од херкулско семе.
Ај да се одлепиме
да правиме нешто лудо
и така, заедно да чекаме
чудо да ни дојде, чудо.

За сè друго смртен кревет…

Во паркот на клупата скиснат
му редиш приспивни на дождот,
ќе налета некој, ќе те праша
„Како е?“ „Па, не е лошо“.
И тогаш ќе почне да те дави
но, држи се, прави се на Тошо
и кажи му чудото го чекаш
по договор да излезе од ќошон.

Препев од англиски: Барбара Драговиќ

Извор: Блесок

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s