Првичното значење на зборот „робот“ и пионерската улога на Исак Асимов

Потеклото на зборот „робот“ е почудно од што можете да замислите. Тој бил воведен од чешкиот меѓувоен писател Карeл Чапек во неговата драма „Р.У.Р“ (Росумовите универзални роботи) од 1920. Неговата драма не ни дава некој длабок увид во технологијата позади неговите човеколики ликови, меѓутоа дава навестување за и појава на првите модерни идеи за андроидите.

capek_play

Сцена од „Р.У.Р“ – три роботи

Драмата започнува во фабрика која користи хемиска супстанца како протоплазма за произведување на живи, упростени луѓе наречени роботи. Карел ги опишува неговите масовно произведени работници како ефикасни, но со недостиг на способност за искажување емоции. Тие исто така немаат способност за сопствено размислување и се индиферентни кон самоодржување.

karel-capek
Карл Чапек

Иако Чапек помогнал во популаризацијата на зборот „робот“, неговиот брат, Јозеф Чапек, бил тој кој го смислил зборот. Во 1933 Карел дал некои објаснувања за неговата драма во статијата која ја објавил во чешкото списание „Lidové noviny“.

Тој зборува за тоа како неговата првична идеја била да ги нарече ликовите „laboři“ или работници, збор кој потекнува од латинскиот збор „labor“. Меѓутоа чувствувал дека нешто недостасува во зборот и не му се допаднал неговиот прв избор. Потоа побарал помош од својот брат, кој пак го предложил зборот „roboti“.

capek_rur
Фотографија од „Р.У.Р“ направена од Чапек 

Зборот „robota“ во суштина значи „corvée“, што ги означува формите на неплатена работа т.е. општокорисна работа. Исто така значи кметство/закрепостеност (serfdom), додека кмет/крепосен селанец (serf) се однесува на најниската класа од феудалното општество, легално обврзана да работи за земјопоседникот на одреден имот. Други значења кои се поврзуваат со „robota“  се „работа“ и „дејство“ во многу словенски јазици (руски, спрски, словачки, полски, македонски, бугарски итн.).

Интересна е унгарската варијанта, каде „robot“ или традиционално „robota“ значи работен период кој кметот морал да го помине под власт на неговиот господар, што обично било период од 6 месец низ годината.

А пак зборот роботика, кој се користи за означување на оваа научна област, бил создаден од писателот на научна фантастика со руско потеклом Исак Асимов. Асимов ги создал и користел „Трите закони на роботиката“ постојано како тема во неговиот корпус.

620px-isaac-asimov01Др. Исак Асимов

„Трите закони“, како што често се скратуваат, биле најпрво претставени во неговиот расказ од 1942 „Runaround“ и се цитирани како да доаѓаат од „Прирачник за роботика“, 56 издание, 2058 п.н.е и го изјавуваат следното:

  1. Робот не смее да повреди човечко суштество или преку неделување да дозволи човечко суштество да биде повредено
  2. Роботот мора да ги почитува наредбите кои ќе ги добие од човечките суштества освен кога тие наредби се косат со Првиот закон
  3. Роботот мора да го штити своето постоење освен ако таа заштита не се коси со Првиот или Вториот закон.

Несомнено е дека Асимов успеал да го прошири значењето и дефиницијата на роботот. Заедно со Чапек се стремеле да влијаат и да воспостават темели за дефинирање на законите кои се користат како во реалниот свет така и во фикцијата.

Извор: The Vintage News

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s