10 книжевни факти кои треба да ги знаете

Сите сакаме факти, особено малку познати, а корисни факти. Погледнете ги овие 10 работи кои треба да ги знаете за книжевниот свет кои ќе ви помогнат да бидете малку по информирани и ќе ве направат личноста која ги поседува интересните информации во вашето книжевно друштво.

1. Најскапата книга досега се продала за 30.8 милиони долари и е купена од мулти-билионерот Бил Гејтс. Тој ја купил „Codex Leicester“ на Леонардо да Винчи и често ја позајмува за музејски изложби.

codex_gates

2. Најдолгата испечатена реченица може да се најде во „Клетници“ на Виктор Иго и е 823 зборови долга.

3. Во 2015 Американската асоцијација на библиотеки  ја прогласи „Библијата“ за 6тата најоспорувана и забранувана книга во САД. „Барајќи ја Алјаска“ од Џон Грин го зазема првото место.

4. Авторот Роалд Дал имал потешкотии во училиштето, особено кога се работело за пишување. Во еден од неговите извештаи од училиште, учителката на Дал напишала: „Никогаш не сум запознала некој кој толку упорно пишува зборови кои значат сосема спротивно од она што се мисли.“

51jvehzfopl-_sx346_bo1204203200_

5. Според повеќе извори, Северна Кореа има процент на писменост од 100%. Дали ова е вистина или не е предмет на дебата. Во 2016 Финска беше прогласена за најписмената земја на светот, иако не постои начин со целосна точност да се процени нивото на писменост во една земја.

6. По глава на жител луѓето во Исланд читаат најмногу книги.

7. Во куќата на Чарлс Дикенс во Кент, Велика Британија, може да се најде тајна врата која изгледа како полица за книги. Во оваа полица за книги можело да се најдат дела како „Животот на мачка“ во 9 томови и “The History of a Short Chancery Suit“ во 47 томови.

charlesdickenssecret1

8. Ели Р. Џонсон објави дека една студија од 1995 открила дека 85% од младите луѓе кои се појавуваат пред малолетничките судови во САД се практично неписмени. Друга студија од 2009 открила дека 63% од американските затвореници се неписмени. Во извештај од NCES (Национален центар за образовна статистика) за писменоста на возрасните во Америка стои: „Помеѓу 40 и 44 милиони ворзасни во целата земја покажале вештини во согласност со најниското ниво на писменост.“

9. Авторот Ден Браун, познат по романите „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и Демони“, во минатото бил поп пејач. Во 1994 го објавил соло албумот „Ангели и Демони“.

danbrown1

10. Иако потеклото на зборот “nerd” е се уште непознато, првата документирана употреба на овој збор е во книга на Др. Сус. “Nerd” е името на едно суштество од „If I Ran the Zoo“ (Ако ја водев золошката), објавена во 1950. Зборот, или името, се појавува вака: “And then, just to show them, I’ll sail to Ka-Troo And Bring Back an It-Kutch a Preep and a Proo A Nerkle a Nerd and a Seersucker, too!”

Извор: Bookstr

Напишете коментар