Книжевни адаптации кои ќе ги видиме на малите екрани во 2017

Подгответе се бидејќи годинава ќе видиме многу телевизиски адаптации на книги. Од Нетфликс до BBC, многу од нашите омилени ликови и приказни ќе ги видиме на малите екрани. Погледнете ги десетте адаптации на кои треба да се внимава оваа година и погрижете се да ги прочитате и книгите пред нивните премиери!

1) Серијалот „Корморајн Страјк“ од Роберт Галбрајт ака Џ.К. Роулинг

Корморан Страјк е воен ветеран кој станал приватен детектив. Романите кои Џ.К. Роулинг ги напиша под псевдонимот Роберт Галбрајт ќе бидат претворени во BBC серија, која ќе ја има својата премиера подоцна годинава.

2) „Војаџер“ – The Outlander Series од Дијана Габалдон 

Во третата сезона од „Outlander“ повторно сме заедно со Џејми и Клер. Се очекуваат повеќе ретроспективни сцени со Клер и Френк. Се надеваме дека ќе дознаеме повеќе за тоа што му се случило на Џејми откако ја нема Клер. Се уште нема датум за почеток на новата сезона, но се очекува тоа да биде во февруари или март.

3) „Американски богови“ од Нил Гајман

Иако за серијата е најавен лик кој не е во книгата, Нил Гајман е задоволен од работата на тимот позади серијата. Серијата ќе ја има својата премиера во април. на Starz.

4) „Низа несреќни настани“ од Лемони Сникет

Ако не сте ги прочитале сите 13 книги, дозволено ли е да ја гледате серијата?! Само се шегуваме. Но, дефинитивно треба да ги прочитате. Сите имаат високи очекувања за оваа серија, која е адаптација на една легендарна серија на книги за деца. Серијата ја имаше својата премеира вчера (петок 13) на Нетфликс.

5) „Неговите темни материјали“ трилогија од Филип Пулман

Овој серијал веќе има добиено своја филмска адаптација во филмот „Златниот Компас“, кој не помина толку добро кај критиката и публиката. Иако се уште нема никакви најави за екипата која ќе ја видиме во овој серијал, тој се очекува да има своја премиера во текот на годинава на BBC.

6) „Тринаесет причини зошто“ од Џеј Ашер

Оваа книга ќе биде адаптирана во серијал од 13 епизоди на Нетфликс. Како продуцент се јавува и Селена Гомез. Главните ѕвезди на серијата се Дилан Минете и Катерин Лангфорд. Даумот на премиерата се уште не е најавен.

7) „Ане од зелените калкани“ од Л.М. Монтгамери

Уште една Нетфликсова адаптација! Една од омилените литературни црвенокоси ќе добие уште една адаптација. Серијата се очекува во текот на годината!

8) „Приказната на робинката“ од Маргарет Атвуд

Серијата својата премиера ќе ја има на Hulu на 26ти април. Ова е една од најочекуваните адаптации оваа година. Од екипата составена од Елизабет Мос, Алексис Бледел, Самира Вајли и многу други големи имиња се очекува многу. Адаптацијата на овој роман на Атвуд не може да биде по навремена.

9) „Големи мали лаги“ од Лиен Мориарти

 

Оваа адаптација е уште една со одлична екипа. Рис Витерспун, Никол Кидман, Шајлен Вудли, Лаура Дерн и Зое Кравиц играат во оваа адаптација која својата премиера ќе ја има на 26ти февруари на HBO. Сите овие жени играат ликови кои на некои начин се поврзани со едно убиство.

10) „Остри предмети“ од Џилијан Флин

Трилер романот на Џилијан Флин, „Ејми ја нема“, беше адаптиран во филм, а овојпат нејзиниот роман ќе стане осумделна серија во продукција на HBO. Во главната улога ќе ја видиме Ејми Адамс, а датумот за премиера се уште не е објавен.

Извор: Bookstr

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s