Кое е значењето на зборот „кафкаескно“?

Минатата година TedEd писателот Ноа Тавлин помогна да се разјасни што точно значи зборот „орвеловски“. Сега тој сака да даде увид во тоа што мислиме, или што треба да мислиме, кога го кристиме зборот „кафкаескно“.

Влечејќи од приказните „Процес“, „Посејдон“, „Уметникот со глад“ и најпознатото дело на Кафка „Метаморфози“, Тавлин најпрво ни дава дефиниција на она што повеќето го подразбираат под „кафкаескно“: „Влезено е во речникот за да опише непотребно комплицирани и фрустрирачки искуства, како на пример навигацијата низ лавиринтите на бирократијата.“

Како вработен во компанија за осигурување, Кафка ги видел сите неславни катчиња и пукнатини на модерната, апсурдна, растечка бироктратија и често ги „фрлал“ неговите ликови во неа – постојано со трагикомичен ефект. Но, овој збор е посложен од инвокацијата на византиските тенденции на бирократијата.

Тавлин не упатува кон „Посејдон“, каде, богот на морето е извршен директор закопан под бесконечен куп на документација, без можност да го истражи своето подводно кралство. Меѓутоа причината зошто е закопан под целата таа документација е бидејќи „тој не сака да делегира било кој дел работата на друг, сметајќи дека сите се недостојни за таа задача. Посејдон на Кафка е затвореник на сопственото его.“

Проблемот кој „кафкаескно“ го претставува не е само поради бирократија, туку и поради „иронијата на кружното расудување на ликот кон неа… трагикомичните приказни делуваат како еден вид митологија на модерната индустриска доба, користејќи ја логиката на соништата за да се истражи врската меѓу системите на арбитрана моќ и индивидуите кои се заглавени во нив.“

За пополуарноста на авторот зборува многу фактот дека неговото име влегло во јазикот како придавка. Она што уште повеќе зборува за неговата популарност е фактот дека се прават видеа и пишуваат статии за да се разјасни погрешната употреба на таа придавка! Да живее Кафка(ескното)!

Извор: ElectricLit

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s