8 разочарувачки филмски адаптации на книги

Сите љубители на книги обожаваат да дискутираат за тоа колку се ужасни филмските адаптации. Зошто? Затоа што е забавно да се жалиш, но исто така и фрустирачки што Холивуд никако да ги погоди. Вечниот аргумент е дека адаптациите се лоши бидејќи преку нив се губи комплексноста на книгата. Тешко е да се опфатат длабочината, сложеноста, развојот на ликовите, кои авторите толку вешто ги пишуваат. Јасно ни е. Но, сепак некои адаптации се едноставно ужасни.

  1. Девојката во возот (The Girl on the Train)

the-girl-on-the-train-1

Зошто беше потребна промена на локацијата од предградијата на Лондон во предградијата на Њу Јорк? Плус, филмот беше премногу мелодраматичен. Плус, ја направија Меган самопрогласена ороспија, што беше целосно непотребно. Впечатокот беше дека се обиделе да го направат филмот сески трилер, што го намали интензитетот на приказната. На крајот, филмот се фокусира на сексуалноста на Меган и пијанството на Рејчел, а не на мистеријата поврзана со Меган. Сепак Емили Блант е одлична!

  1. Златниот компас (The Golden Compass)

maxresdefault1

Самата книга е доста длабока, а филмот не успеа да ги опфати сите нијанси кои се појавуваат во книгата. Ова е најчестата поплака за ужасните адаптации. „Златниот компас“ е сложена книга, има голем број работи кои треба да се вклопат во филмот, но овој филм не успеа во тоа. Премногу работи се случуваа одеднаш. Исто така глумата беше ужасна.

  1. Ерагон (Eragon)

eragon

Овој филм може да се нарече комплетна катастрофа. Зошто? Толку комплексен свет не е лесно да се прикаже на филм, но најголемиот проблем е што филмот изгледаше „ефтино“. Како да не се ни потрудиле да го направат добар. Да, тоа е остар критика, но овој филм беше големо разочарување за сите љубители на „Ерагон“.

  1. Дарителот (The Giver)

the-giver-hd-wallpapers-1

Кога прв пат излезе веста дека обожаваната класика на Лоис Лаури ќе биде адаптирана на големото платно, голем дел од фановите се сомневаа во квалитетот на адаптација кој ќе го добијат (особено со Тејлор Свифт во екипата). „Дарителот“ е книжевна приказна т.е. е наменета за книги. Адаптациите на дистописките книги за млади се многу популарни во последната декада, па „Дарителот“ се придружи на трендот. Меѓутоа изгледаше како филмот да се труди премногу да биде како другите популарни филмови за млади, целосно промашувајќи ја величината на книгата на Лаури. Со големи имиња како Мерил Стрип и Џеф Бриџес, сите очекувавме нешто по вредно да се запомни.

  1. Исповедите на тинејџерската кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen)

confessions-of-a-teenage-drama-queen-02-1

Во овој филм играше Линдзи Лохан кога беше во врвот на својата популарност, но иако таа беше забавна, филмот воопшто не беше. Целосно го намали квалитетот на книгата и тинејџерската кралица на драмата беше многу несимпатичен лик. Додека во книгата се наметнуваше прашањето зошто таа ни се допаѓа како лик, во филмот немаше никакво преиспитување. Омразата беше тука од првиот момент. Филмот премногу се потпираше на „ефтини“ шеги, без воопшто да има некаков обид за квалитет.

  1. Дневниците на дадилката (The Nanny Diaries)

nanny-diaries-2007

Знаете што е ужасно? Кога книгата е фантастична, а продуцентите одлучуваат да ја искасапат приказната и да ја претворат во слободна, ужасна филмска адаптација. Тоа е она што се случи со „Дневниците на дадилката“. Книгата не е романтична комедија, туку приказна за млада жена која се обидува да си го среди животот, додека работи како бебистиерка на едно размазено, но мило момче. Тоа е приказна со која можеш да се соживееш, смешна е и во центарот има жена, која не зависи од никој. Сепак филмот „мораше“ да биде за момци и копнежи….

  1. Скарлетното слово (The Scarlet Letter)

Scene from The Scarlet Letter, 1995, starring Demi Moore

Како и „Дневниците на дадилката“, овој филм едноставно не се држеше до приказната. Зошто ли би го направиле тоа филмаџии? Ова е провокативна класика! Неверојатната приказна на Натаниел Хоторн, со теми како репресија, хипокризија и вина, е непрепознатлива во оваа адаптација со Деми Мур и Гери Олдман во главните улоги. Ова е уште еден пример за прекумерна сексуализација на една адаптација, со што Холивуд верува дека ќе ги задоволи гледачите. Тоа воопшто не е вистина.

  1. Јади, моли се, уживај (Eat Pray Love)

eat_pray_love_juliaroberts_bali

Проблемот со „Јади, моли се, уживај“ е што е некако досаден. Џулија Робертс глуми одлично како и секогаш, но филмот едноставно не воодушевува. Филмот ве остава со чувство на изнервираност насочено кон главниот лик – убава, нарцистична, привилегирана жена, која се обидува да ја проба сета храна која може и да се просветли. Бидејќи сите „first-world problems“  може да се решат само во Индија, Италија или Бали, нели?

Извор: BookStr

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s