25 нешта кои не сте ги знаеле за „Шиндлеровата листа“

Прочитајте ги овие 25 работи кои веројатно не сте ги знаеле за процесот на изработка на ова кинематогарфско ремек дело:

1. Еден од 1200те Евереи, кои Шиндлер ги спасил од Нацистите, емигрирал во САД во 1948. Откако отворил продавница за багаж во Беверли Хилс, поминал 40 години обидувајќи се да направи филм за својот спасител. Во 1951 му пришол на режисерот Фриц Ланг, но тоа не успеало. Подоцна го убедил Томас Кенали, австралиски писател, да ја напише книгата „Шиндлеровата арка“ во 1982.

2. Иако Стивен Спилберг бил меѓу првите кои ги добиле правата за филмот, тој не се чувствувал доволно зрело за да го режира па се обидел да ангажира други режисери. Роман Полански мислел дека е премногу блиску до приказната, бидејќи тој самиот како го преживеал Холокаустот во Краков. Меѓутоа во 2002 го режираше „Пијанистот“, кој исто така е базиран на вистинска приказна за Холокаустот. Истото се случило кога му бил понуден на Мартин Скорсезе, кој инситирал дека филмот треба да биде направен од еврејски режисер.

schindlers-list-4
3. Иако голем број познати имиња биле во трка за улогата на Шиндлер, Спилберг не сакал филмска ѕвезда како Кевин Костнер, Мел Гибсон или Ворен Бити за оваа улога. Наместо тоа го избрал Лијам Нисон откако го гледал во бродвејската продукција на „Ана Кристи“.

4. Бранко Лустиг станал продуцент на „Шиндлеровата листа“ откако му ја покажал на Спилберг неговата тетоважа со сериски број од Аушвиц.

5. За улогата на Амон Гоет Спилберг го избрал Ралф Фајнс откако ги гледал неговите изведби во „Оркански височини“ во 1992 и „Опасен човек: Лоренс по Арабија“.

6. Спилберг се согласил да го режира филмот но само по снимањето на „Паркот Јура“.

7. Ралф Фајнс морал да се здебели 14 килограми за улогата на Гоет.

8. Спилберг не прифатил хонорар за режирање на филмот велејќи дека тоа би биле „крвави пари“.

9. За време на снимањето во Аушвиц, Спилберг не снимал во логорите од почит кон луѓето кои умреле таму.

A photograph of Oskar Schindler (centre) and what is thought to be the original list.
Фотографија од Оскар Шиндлер (во средина) и листата, за која се верува дека е оригиналната

10. Според Moviefone, Спилберг сакал да го сними филмот во црно-бела техника бидејќи го потстетувала на црно-белите документарни снимки од Холокаустот.

11. Поголемиот дел од филмот е снимен во еврејското гето во Краков. Меѓутоа, концентрациониот логор Плашов, бил исто така изграден на периферијата од градот.

12. За време на едно интервју, Спилберг изјавил: „Најтрогателното нешто, што за мене се случи беше на Пасха. Славевме Пасха во хотелот и сите млади германски актери кои играа Нацисти дојдоа со јармулки и Хагада (молитвени книги за Пасха) и седеа со израелските актери и учевствуваа во службата во чест на Пасха. Плачев како мало дете.“

13. Преку дел Спилберг го снимал „Шиндлеровата лисата“, а навечер работел на снимките од „Паркот Јура“.

maxresdefault
14. Во интервју за списанието Time во 2014, Лустинг зборувал за еден од најболните моменти за него: кога требал да регрутира деца да пеат песни додека ги собирале во камиони.

15. Некои делови од снимањето Спилберг не можел да ги гледа без да прсне во солзи. Еден од нив бил делот кога дел од полските статисти кои играле затвореници во логорот морале да бидат соблечени и понижени.

16. Спилберг инсистирал на основањето на фондацијата Shoah и на снимање на сведоштвата на мноштво преживеани од Холокаустот.

17. За време на снимањето, Спилберг го „фатил“ кадарот со девојчето со црвениот капут, една од малкуте сцени во боја во филмот. Актерката која го играла малото девојче, Оливија Дабровска – во тоа време имала 3 години – морала да му вети на режисерот дека нема да го гледа филмот додека не наполни 18 години.

redcoat

18. Девојчето со црвениот капут постоело во вистинскиот живот и е навистина преживеана во Холокаустот. Напишала книга базирана на нејзиниот живот „Девојчето со црвениот капут“ во 2002.

19. Младата актерка го гледала филмот најпрво на 11 години и искуството било трауматизирачко. Меѓутоа го гледала повторно кога наполнила 18: „Сфатив дека бев дел од нешто со кое можев да се гордеам. Спилберг беше во право: морам да пораснам за да го гледам филмот.“

20. Филмот бил направен со буџет од 22 милиони долари, а заработил 96 милиони долари во Северна Америка и 225 милиони долари во остатокот од светот.

21. За време на премиерата во Варшава, Спилберг земал саксофон и пет или шест минути свирел традиционална источно-европска еврејска музика.

22. Нисон и Фајнс заедно играат и во „Судиорт на титаните“ (2010) и „Гневот на титаните“ (2012)

23. „Шиндлеровата листа“ беше номиниран за 12 оскари, а освои 7.

24. Не сите критики биле позитивни. Режисерот Клод Ланцман, кој го режираше документарецот за Холокаустот Shoah, го нарече „Шиндлеровата листа“ „кич мелодрама“ и „деформација на историската вистина“.

25. За да се развесели и да продолжи со работата на проектот, Спилберг зборувал на телефон со Робин Вилијамс.

Извор: War History Online

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s