Петочна поезија: „Сина птица“ – Чарлс Буковски

Сина птица

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас сум премногу опасен за неа,
и’ велам, остани внатре, не сакам
никој да те види

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас ја наливам со виски и вдишувам
чад од цигари
така што курвите и бармените
и продавачите
никогаш не дознаваат
дека е
внатре

има една сина птица во моето срце која
сака да излезе
но јас сум премногу опасен за неа,
и’ велам,
мирувај, сакаш ли да зафркнеш
нешто?
сакаш да ја заебеш
работата?
сакаш ли да ми ја упропастиш продажбата на книги
во Европа?

има една сина птица во мето срце која
сака да излезе
но јас сум паметен човек, ја пуштам надвор
само понекогаш навечер
кога сите живи спијат.
и’ велам, знам дека си овде,
и затоа немој да бидеш
тажна.
потоа ја враќам назад,
но таа потпевнува по малку
внатре, не ја пуштив за да
умре
и потоа така спиеме
заедно
со нашиот
таен пакт
и сето тоа е доволно убаво
што човек би можел
да заплаче, но јас не
плачам, а
вие?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s