Петочна поезија: „Ајде“ – Игор Исаковски

Ајде
(не би требало да е тешко)

ајде пак да се гледаме како првиот пат
ослободени од замисли а полни страсни желби
ајде, љубов, како што се сретнуваме со мислите
и пак и пак сфаќаме дека истото го кажуваме

ајде да ги арчиме сите денови и ноќи
со уживање да ги цицаме до срж и крв
и жедта да ја гаснеме со оган, со безброј
жарчиња, со здивови длабоки како ветер

ајде да запалиме уште еден оган
во кој само ние ќе се пеплосаме и од кој
во искри одново ќе се родиме.
не би требало да е тешко.

ајде да пловиме низ деновите
кога песните ни се измолкнуваат
од под прстите – како да се брзи ѕвезди –
а ние да им се смееме: и на песните
и на прстите и на ѕвездите.

ајде да пловиме како облаци
наполнети суштина и сознание:
имаме само сегашност и во неа себеси.
надвор од тоа, минатото и иднината
не демнат како крволочни очи.

ајде да се бакнеме додека се смееме:
да ги измешаме здивовите како чудесна
смеса од која заедно се градиме, како
куќа вон сите светови. таа што ќе не прибере.
таа во која единствено може да не собере.

(не би требало да е тешко.)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s