ПичПрич vol.2

Годинава по втор пат во Кино Фросина во МКЦ во 21:00 ќе се одржи „ПичПрич“, гала вечер на раскажување женски приказни. Тој е дел од настаните по повод Интернационалниот ден на жената, 8ми март и е најава за „Прво па женско“, фестивал за феминистичка култура и акција, кој е поддржан од Европската Унија, а ќе се одржи од 18ти до 21ви мај.

Годинешната тема е „Љубовници“, а своите приказни на оваа тема ќе ги раскажат: Беса Арифи, универзитетска професорка и колумнистка, Светлана Камџијаш, професорка по философија и авторка, Биљана Гинова, феминистка и активистка за човекови права, Илинка Митрева, професорка по француска книжевност и поранешна министерка за надворешни работи, писателот Петар Андоновски и Катерина Коцевска, актерка и авторка.

Модераторки на настанот се Ана Василева и Румена Бужаровска. Влезот на настанот е слободен, а по настанот ќе следи забава во фоајето со Ненад Тонкин, феминистка и профилирана Тиииитовка.

„ПичПрич“ се реализира целосно на волонтерска основа од страна на креативниот тим и учесничките.

Минатогодишната тема беше „Првиот пат кога…“, а приказните кои беа раскажани погледнете ги во следното видео:

Извор: ПичПрич / Радио МОФ

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s