Инспиративни цитати од ментори од фикцијата [инфографик]

Кој не посакал да го има Дамбалдор или Гандалф Сивиот за професор? Иако овие волшебници не ни се професори ние сепак можеме да се инспирираме од нивните мудри совети. Овој инфографик од Playground Equipment ќе ви ја даде потребната инспирација преку 30 инспиративни цитати од фиктивни професори и ментори:

1. Џон Китинг – „Друштвото на мртвите поети“

Без разлика на тоа што ќе ви кажат, зборовите и идеите можат да го сменат светот.

2. Ремус Лупин – „Хари Потер и Смртоносните Светии: 2 дел“

Квалитетот на нашите убедувања е она што го одредува успехот, не бројот на следбеници.

3. Албус Дамбалдор – „Хари Потер и Огнениот Пехар“

Разликите во нашите навики и нашите јазици не значат ништо ако нашите цели се исти и нашите срца се отворени.

4. Џорџ Фини – „Момчето го запознава светот“

Ако дозволиш начинот на кој другите те доживуваат да го одредува твоето однесување никогаш нема да пораснеш како личност.

5. Гандалф Сивиот – „Господарот на прстените“

Се што треба да одлучиме е што да правиме со времето кое ни е дадено.

6. Господин Мијаги – „Карате Кид“

Не е страшно да изгубиш од противникот. Страшно е да изгубиш од стравот.

7. Госпоѓица Валери Фризл – „Магичниот школски автобус“

Ризикувај, прави грешки, понекогаш извалкај се.

8. Јода – „Војна на ѕвездите“

Направи го или не го прави. Нема обид.

9. Квај-Гон Јин – „Војна на ѕвездите“

Секогаш има надеж мој пријателе иако често доаѓа во необични форми. Клучот е во тоа да знаеш како да ја видиш и да ја искористиш таа прилика.

10. Вил Шустер – „Гли“

Не се скршените соништа тие кои не уништуваат. Тоа се оние кои не се осмелуваме да ги отсонуваме.

11. Чарлс Ксавиер – „Икс Мен #2“

Најголемата моќ на земјата е величествената моќ која сите ја поседуваме… моќта на човечкиот мозок.

12. Мери Попинс – „Мери Попинс“

Во секоја работа која треба да се заврши има елемент на забава.

13. Ирох – „Аватар: Последниот господар на воздухот“

Важно е да се влече мудрост од различни места. Ако тоа го правиш само од едно место, станува ригидна и бајата.

14. Добрата самовила – „Пепелашка“

Дури и на чудата им е потребно време.

15. Учителот Сплинтер – „Нинџа желки“

Нема чудовиште поопасно од недостигот на сочувство.

16. Господарот на самураите – „Самурај Џек“

Ништо што е вредно да се поседува не се стекнува лесно. Понекогаш мора да се бориш за тоа што е твое и за она во кое веруваш.

17. Учителот Шифу – „Кунг Фу Панда“

Се е возможно ако имаш внатрешен мир.

18. Дјуи Фин – „Рок училиште“

Едно добро рок шоу може да го смени светот.

19. Фа Жоу – „Мулан“

Колку убави цветови имаме оваа година. Но види, овој уште не процветал. Но се обложувам дека кога ќе процвета ќе биде најубав од сите.

20. Императорот на Кина – „Мулан“

Цветот кој цвета во несреќни околности е најреткиот и најубавиот од сите.

21. Госпоѓица Хани – „Матилда“

Често размислувам за тоа, но… не можам да ги напуштам моите деца. И кога не би можела да предавам, би немала ништо.

22. Рафики – „Кралот Лав“

О да, минатото може да боли. Но можеш да бегаш од него или да учиш од него.

23. Муфаса – „Кралот Лав“

Храбар сум кога мора да бидам храбар. Да бидеш храбар не значи самиот да одиш и да бараш невољи.

24. Фред Роџерс – „Соседството на господин Роџерс“

Знаењето дека можеме да бидеме сакани баш такви какви што сме ни ја дава на сите најдобрата шанса да пораснеме во најздравите луѓе кои можеме да бидеме.

25. Госпоѓа Ратбурн – „Артур“

Кога ќе стекнеш добри работни навики ќе видиш дека си способен за многу повеќе од тоа што мислиш.

26. Бикот кој се смее – „Каубојот Бибоп“

Не се плаши од смртта. Смртта е секогаш на наша страна. Ако и покажеме дека се плашиме, скока кон нас побрзо од светлината, но ако не и покажеме страв, нежно не погледнува и потоа не води во бесконечноста.

27. Глен Холанд – „Опусот на господин Холанд“

Свирењето на музика треба да е забавно. Се работи за срце, се работи за чувства, за трогнување на луѓето и за нешто убаво, а не за нотите на страницата. Можам да ве научам за нотите на страницата, но не и за оние другите работи.

28. Бабата Врба – „Покахонтас“

Понекогаш правилниот пат не е најлесниот.

29. Госпоѓа Норбери – „Злобни девојки“

Знам дека имањето на момче изгледа како единственото важно нешто во моментов, но не треба да се „оглупавуваш“ за да му се допаднеш на некој дечко.

30. Татсуо Кусакабе – „Мојот сосед Тоторо“

Сите обидете се да се смеете. Тогаш што и да ве плаши ќе исчезне!

0-F2AzARVtBMhr0B1T.jpg

Извор: ElectricLit

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s