Зошто треба да ја слушаме „Четирите годишни времиња“ на Вивалди?

Лесна, светла и радосна, „Четирите годишни времиња“ на Антонио Вивалди е една од најпознатите композиции од раниот 18ти век, која е искористена во безброј филмови и телевизиски реклами. Но кое е нејзиното значење и зошто звучи така? Бетси Шварм ни го открива скриениот наратив на ова музичко ремекдело.

Кога биле објавени во 1725 во Амстердам „Четирите годишни времиња“ биле придружени со поеми, кои прикажувале точно кој аспект од тоа годишно време Вивалди сакал да го претстави музички. Ако ги читаме поемите додека ги слушаме композициите ќе забележиме дека тие се прилично добро синхронизирани.

Ваква експресивна инструментална програмска музика, како што била позната, станала популарна дури во раниот 19ти век. Овие дела ги изведувале поголеми и поразновидни ансамбли со дувачки и ударни инструменти, кои помагале во раскажувањето на приказната. На Вивалди тоа му успеало само со една виолина и жичени инструменти.

За разлика од Бах, Вивалди не бил заинтересиран за комплицирани фуги, туку преферирал на својата публика да и нуди лесно достапна забава. Со мелодии кои се појавуваат повторно во текот на делото за да не потсетат каде сме биле. Така концертот „Пролет“ почнува и завршува со истата тема, кај која има мали варијации.

Вивалди бил еден од најдобрите виолинисти на раниот 18ти век и знаел колку е важно да се привлече публика. Често бил главната ѕвезда на овие концерти, а на нив можеле да се слушнат и младите музичари од „Pietà“, венециско училиште за девојки, каде Вивалди бил музички управител.

Дури и во времето на Вивалди неговата музика била наменета за сите, а не само за богатите. 300 години подоцна тоа е се уште точно.

Извор: TedEd

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s