Петочна поезија: „Q&A“ – Бојан Марјановиќ

Бојан Марјановиќ (Ужице, 1990), дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Белград.  Ја објавил поетската збирка „Политика, порнографија, поезија“ (Књижевна радионица Рашиќ, 2015).  Ја добил стипендијата на НИН за роман во создавање за 2015 година, како и наградата Лаза Лазаревиќ за необјавен расказ за 2013 година. Објавува раскази, песни и есеи во периодиката.

Живее во Белград каде што работи како новинар за списанието „Лицеулице“ и објавува свои новинарски текстови и книжевна критика во медиумите низ Југославија. Од декември 2013 година, заедно со Тијана Спасиќ работи како уредник на книжевната програма Градска библиотека на културниот центар Град.

knjiga03foto_marko_rupena

Q&A

ја потпираш главата на моето рамо
собата ја осветлуваат трошките
на лампионската светлина
која успеала да се пробие низ ролетните
се насмевнуваш
не сфаќам зошто
со усните ми го опколуваш увото
и сосема тивко ме прашуваш
бојан
би сакал ли да ме ебеш

мила
твоето прашање звучи многу грубо
ама види вака
би скокнал во твоите две езера
под челото
би веслал со трепките
и таа вештина би ја издигнал на ниво на олимписка дисциплина
а кога ќе стигнам до копното
би се качувал на тие твои јаболчици
како моќен алпинист
силвестер сталоне кој
со усните ќе забоде застава
на твоите два рида под очите
потоа би ги проучувал геометриските можности
на преклопувањето на нашите усни
јас
инаку
многу се интересирам за такви работи
потоа би се фрлил на вратот
би ја означувал својата територија и би марширал по неа
земјата на бојан е таму кај што се бакнежите на бојан
по тој воен поход со насмевка
би се сетил како јаболчиците навистина биле мачкина кашлица
во однос на планините кои ме очекуваат
тука на помош на усните ги викам и прстите со кои
нежно ти ги милувам брадавиците
како некакви
хиперсензитивни потенциометри од научно-фантастичен филм
потоа би се спуштил до папокот
општото место на девојчинската убавина
кој во твојот случај докажува
дека општите места ќе го спасат светот
би морал еден бакнеж да му подарам
и на она што олдтајмерите го нарекуваат
венерин брег
иако тој е повеќе долина
во споредба со твоите планини
кои веќе ги освоив
со јазикот би напредувал по твоите нозе
додека на крај не дојдам
до десетте весели џуџиња
а морам со секој од нив одделно да се избакнам
таков е редот
па дури по таа церемонија
со внатрешната страна на бутовите
би допрела еден мој
долгогодишен пријател
кој
дотеран
намирисан
и по малку заруменет
би тргнал на средба
со твојата пријателка

гледаш
мила
одговорот на прашањето
кое ми го постави
е многу посложен отколку
што можеби очекуваше
но ако си уморна
и ако не си расположена да ти го цртам алгоритмот
на овој компликуван психофизички процес
тогаш
да
мила

би сакал да те ебам

Песна од збирката „Политика, Порнографија, Поезија
Превод од српски: Елизабета Баковска.

Едиција Бореа, книга 38
Издавач: Блесок

Извор: Поетско читање на Марко Томаш и Бојан Марјановиќ

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s