Саемски „плен“ – made in Macedonia #СаемНаКнигата2017

Оваа година Саемот на книгата повторно не искушуваше со шарените штандови и одличната понуда на книги. Иако вообичаено одам и талкам низ халите без некаков план, купувајќи се што ќе ми дојде при рака, оваа година влегов на Скопскиот саем со една едноставна одлука – купувам само македонски автори. И верувале или не успеав да се придржувам до тоа што го решив (со еден чесен исклучок).

Генералното гледиште на пошироката јавност е дека македонската книжевност нема многу што да понуди во поглед на нови и интересни наративи, но тоа дефинитивно не е вистина. Имаме одлични автори на кои треба да им се посвети внимание и кои треба да бидат интезивно промовирани за да допрат до пошироката читателска јавност.

Во продолжение можете да ги видите книгите за кои се одлучив во овие саемски денови. Далеку од тоа дека овие се единствените книги од македонски автори кои ме привлекоа и кои вредат да се прочитаат, но отом потом. Секогаш има простор за уште книги и по саемот.

Овие книги ќе станат и дел од мојот „Книжевен дневник“, кој започна со рецензијата за „Ловец во ‘ржта“.

8 spij

Румена Бужаровска – Спиј

Дел од едицијата „Друга приказна“, ова книџе содржи 35 расказчиња кои во себе го носат она познато чувство на нелагодност и збунетост кое го има во сечии соништа. Доловени се и тие нелогични потсвесни врски кои мозокот ги прави за да се справи со секојдневните преоптеретувања. Лични фаворити ми се „Тајно“ и „Логор“, меѓутоа секоја приказна е одлична на свој начин.

16508446_1835826876691648_8809221718539547115_n

Зигфрид Ленц – Минута молчење

„Седнавме облеани со солзи“ – така почнува, со завршниот хор на Бах, новата приказна на Зигфрид Ленц, „Минута молчење“. На погребната церемонија во аудиториумот на средно училиште, некаде на северниот брег на Германија, која е организирана за наставничката Стела, додека помладите ученици се буцкаат и туркаат, додека очите на многу колеги се влажни, а ритуалот на говори, венци и песни се одвива на сцената, ученикот Кристијан најмногу страда, горко, бидејќи младата наставничка по англиски јазик била првата голема љубов на неговиот живот. Сите стануваат за едноминутното молчење и во овој момент Кристијан се сеќава на изминатата среќа и си ја раскажува на себеси и на читателите оваа приказна.

17425949_1068051623301056_9139504548537052209_n

Давор Стојановски – Собирачи на пепел

Добитник на наградата Роман на годината за 2016 од „Утрински весник“. „Романот „Собирачи на пепел“ претставува книжевно остварување кое се издвојува според својот особен стил, дело кое е изведен во духот на едно ново писмо. Романот обработува веќе познати егзистенцијалистички теми како што е чувството на осаменост, стравот од блискоста, проблематичниот топос на домот како место на припадност, постојаната потрага по среќата и смислата.“ – Петар Андоновски

Nevidlivi ljubovi-500x500

Владимир Јанковски – Невидливи љубови

Добитник на Рациново признание во 2016 и македонски претставник за „Балканика“. Романот Невидливи љубови на Владимир Јанковски опфаќа три приказни, во кои авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција.Две нетипични бајки за возрасни премостени со динамично раскажана реалистична приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга.

17493110_1070031826436369_5215878607590640970_o

Ненад Јолдески – Секој со своето езеро

Книгата е составена од 14 кратки раскази кои тематски осцилираат околу загрозените урбани пејзажи на градот, околу идентитетот и отуѓувањето, љубовта и тагата, постоењето и смртта. Расказите најчесто се пишувани во минималистички манир, со исклучок на расказот „Николај и мастилавото езеро“ кој се наоѓа во средиштето на книгата. Расказите се тензични, драматични и меланхолични, проектирани во двојна перспектива и базирани на канонот на урбаниот топос. Книгата навидум е поделена на четири делови кои се најавени со куси пасажи или цитати. Првото издание на книгата го објави издавачката куќа „Темплум“ во 2012 година. Второто издание го објави издавачката куќа „Или-Или“ во 2016. Во 2016 книгата ја доби „Европската награда за литература“.

17799484_10211949426798338_7263648878167146325_n

Оливера Ќорвезироска – (Со)шиени раскази

За збирката раскази „(Со)шиени раскази“, која е четврта во богатата библиографија на Ќорвезироска, Гоце Смилевски нагласува: „И во ’(Со)шиени раскази‘, како и во сите претходни дела на Оливера Ќорвезироска, се чувствува посебниот однос што таа го има кон/со јазикот. При гласното исчитување на расказите од циклусите ’Оверлок‘ и ’Цик-цак бод‘, читателите ќе забележат дека, дали заради начинот на кој се врзани еден со друг, или заради целата приказна што ја носат, или и заради едното и другото, зборовите имаат едно специфично синестезичко својство. Тие понекогаш блеснуваат со светлоста на пастелните тонови, понекогаш се матни, густо нанесени бои, другпат се драматично јарки, а секогаш како со игла го допираат срцето. И секогаш се борат за смислата на постоењето, а против бесмислата и недоразбирањето.“

16299527_1066623443449816_6262040107463013313_n

Исповеди на еден Психотичен Ум е слика на младите, урбани луѓе кои се во потрага по своето место во новото динамично општество во кое правилата и вредностите се во голема мера разнишани. „Со емоционално мотивираните вулгаризми, Ристевски можеби по малку наликува на извонредниот Чарлс Буковски или, поточно, по начинот на пишување, Ристевски е некаде на средина помеѓу условно вулгарната непосредност на Буковски и живиот, разговорен јазик на раскажувачот Рејмон Карвер.“ Проф. д-р Драги Михајловски

394_0_1_16__7__11_2013Ljubov na ulica
Првата збирка на младата македонска поетеса Ана Голејшка. Издадена е во 2013, а промовирана во 2014. Ако се уште се мислите дали да и дадете шанса, погледнете ги овие песни објавени на Окно.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s