HBO со филмска адаптација на „Фаренхајт 451“ со Мајкл Б. Џордан во главната улога

Фаренхајт 451“ на Реј Бредбери е еден од оние класични романи – како „1984“ и „Приказната на робинката“ – кои многу ги читале за време на училишните денови, а кои во моментов доживуваат пораст на продажбата поради нивната „непријатна“ важност.

Книгата е приказна за еден „пожарникар“ кој гори книги во дистпосиката иднина каде медиумите се еден вид дрога, а книгите и историјата се забранети. Книгата ни ја демонстрира опасноста која доаѓа од фокусирањето на непосредните возбуди до таа точка што оние на власт можат да забранат и избришат фундаментални делови од нашата култура без било каков спротивставување. Звучи познато?

fahrenheit-451-michael-b-jordan-y-michael-shannon-lideraran-la-nueva-adaptacion-main-1492714644

HBO ќе продуцира филмска адаптација на романот на Бредбери од 1953 со Мајкл Б. Џордан („Крид“, „Хроника“, „Фантастичната четворка“) како протагноистот Гај Монтаг и Мајкл Шенон („Човек од челик“, „Boardwalk Empire“) како шефот на Монтаг, Капетан Бити.

Филмот ќе биде режиран од Рамин Бахрани („99 домови“, „По секоја цена“), кој работи и на сценариото заедно со Амир Надери („99 домови“, „Тркачот“). Дејвид Коустворт (продукциски менаџер на „Подземје: Еволуција“, „Играта на Ендер“, „Мојата голема дебела грчка свадба“) ќе биде продуцент.

Фаренхајт 451“ досега повеќепати е адаптиран, а најпозната адаптација е филмот од 1966 на Франсоа Труфо.

Иако се уште нема објавено датуми врзани за проектот, поголем дел од медиумите шпекулирата дека ќе излезе во 2018.
Извор: BookRiot

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s