Од вечерва во Скопје – „Прво па женско #5“

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско #5“ започнува вечерва во 20:00 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Како што велат организаторките програмата на ова издание „ги враќа назад некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот.“

Програмата започнува со проекција на кратките филмови „Елена” (Дина Дума), „Долорес“ (Радован Петровиќ), „Влакна“ (Елеонора Венинова) и „Ќе дојдат децата“ (Ана Јакимска). По проекцијата следува разговор со авторите, модериран од Румена Бужаровска. Поради ограничениот број на столчиња во киното Фросина по 13 часот се пуштени бесплатни билети, со цел да се избегне гужвата, но ќе можат да влезат и оние кои не обезбедиле билет, односно „со стоење“. За музичкиот дел денеска, и дел од програмата „Дамите бираат“, е задолжена Ilina Angel.

18485621_10155207300165797_4637094996972517952_n
За утрешниот фестивалски ден се предвидени предавањето (19:00) на Сандра Дален (Шведска) на тема „Вагинален секс“ и перформанс на Драгана Стојчевска Гунин насловен „Каде одат претставите што не се случуваат?“ (2, по кој ќе следи и дискусија. Соња Исмаил и Ана Мало пуштаат музика како дел од „Дамите бираат“ во 22:00.

18404161_641580646037973_3877679017519571100_o.jpg

Во сабота програмата започнува со панел дискусија на тема „Родовата и сексуалната (не)еднаквост во Југославија: помеѓу револуционерната утопија и историскиот континуитет на патријархатот“. Во дискусијата ќе земат учество Франко Дота, Ивана Пантелиќ и Тијана Окиќ, а модератор ќе биде Славчо Димитров.

Следуваат гостите од Србија БИТЕФ Театар со претставата „Црвена љубов“, која е во режија на Олга Димитријевиќ. Во претставата играат Владимир Алексиќ, Јелена Илиќ, Милица Стефановиќ и Ана Ќурчин, а музиката е на Ана Ќурчин.

Вечерта завршува со концерт на King’s Peach, Contact 59, SEINE, Kukla и Bitipatibi.

This slideshow requires JavaScript.

На последниот фестивалски ден ќе се случуваат повеќе паралелни работи на платото на МКЦ. Базар на кој ќе земат учество MightyJewelry, Глигор Кузмановски, CRUSH, Em Ellephantski, Ѓорѓе Јовановиќ, ATAMI, BullBerry, ПлетЕлица, MaiCraft’s, LUDUS, WizArt, Pocket Gallery, Mei Ro, M’Crafts, Farina’s handmade, Okokori, Nikulec pop-up store, Seed of Life и Васко (ДКЦ).

Потоа работилницата за татковци и ќерки на Доротеј Нешовски и работилница за поправање точаци за девојки на Bikestop. Во текот на целиот ден музика ќе пуштаат Мајда и Весна, Мариго Антов, Виолета Качакова и Дискордиа Дисидент Сет.

Фестивалот завршува со „Храна“ на ХНУ и со ЛезФемСлем  „Жените тоа го прават гласно!“.

Паралелно на главната програмата постетителите ќе можат да ги видат изложени во бифето на кино Фросина постерите од конкурсот за „Прво па женско #5“, како и изложбите Христина Иваноска, Сирота мала богаташица (избришано минато), 2014-2015  и HAVEIT (Косово), Pilule du Lendemain, 2017.

*Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржан од Европската Унија и од FRIDA Young Feminist Fund. Содржината на фестивалот е одговорност единствено на Тиииит! Инк. – Скопје и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s