Троловите меѓу нас: Што бајките можат да ни кажат за онлајн однесувањето

Писателот Ендру Ервин, автор на “Burning Down George Orwell’s House“, како гостин во серијалот Geek Reads на Electric Lit, зборува за троловите во литературата и вистинскиот живот:

„Во последно време читам за тролови, како за митолошките чудовишта така и за оние анонимните онлајн, кои според Urban Dictionary, „со цел и намера (таа цел најчесто е нивната забава) започнуваат расправии на начин во кои ги напаѓаат другите на форумот без на било каков начин да ги ислушаат аргументите кои се предложени од еднаквите на нив.“ До скоро, јас ја поврзував денешната употреба на зборот „трол“ со бајките. Меѓутоа пристигнувањето на два бестијари на мојата маса ми даде изговор да го преиспитам тоа што го знаев – или мислев дека го знам – за тролови и начинот на кој го користиме тој збор денес.

Во 1840тите Петар Кристен Асбјорнсен и Јоген Мое собрале серија на норвешки народни приказни, вклучувајќи ја и познатата “Three Billy Goats Gruff”. Во оваа приказна, најмалата од трите кози е прва која се обидува да помине преку мост кој е чуван од свиреп трол. Козата го преколнува ѕверот да го почека неговиот постар брат, кој ќе биде подобра гозба. Средниот брат, секако, го убедува тролот во истото. Кога најголемата од трите кози ќе дојде на мостот, таа го турка тролот во водата и струјата го однесува суштеството, правејќи го мостот сигурен засекогаш. Тука, тролот е препрека во стигнување до позеленото пасиште, чијашто алчност го тера да се откаже од лесниот оброк, надевајќи се на поголем. Тоа, на прво поглед, не го опишува „тролањето“ кое го гледаме на Твитер и во секциите за коментари на различните веб страни.

Во првата половина на дваесетиот век, Ингри и Едгар Парин д’Аулиер објавија прекрасно илустрирани изданија од приказните на Асбјорнсен и Мое. Реиздадената „Книга со норвешки бајки“ следи по некои од другите прекрасни изданија на нивните приказни кои ги видовме во последно време, како на пр. „Книгата за троловите на д’Аулиер“, која ја вклучува, како што е преведена, “The Three Bushy Billy Goats”. Уште поинтересна за трологијата е злокобната „Циндерлад и тролот“ во која најмладиот син на еден осиромашен човек е изманипулиран од неговите браќа и кралот да се соочи со трол. Тролот, како што излегува на крајот, лесно може да се намами, а со тоа и да се победи. Циндерлад се враќа победнички, иако тоа се случува по зготвувувањето на ќерката на тролот и облекувањето на нејзините алишта.

Во „Златната гранка“  (1913), историска збирка на религиозни обреди и суеверија, сер Џејмс Џорџ Фрејзер напишал: „Во многу делови од Шведска се пука со оружје во сите насоки на Велика Сабота и огромни огнови се палат на ридовите и височинките. Некои луѓе мислат дека намерата е да се избркаат троловите и другите лоши душови, кои се особено активни оваа сезона.“ Дури и сега, би можел да ги поддржувам законите за слободно носење на оружје ако играа слична улога и навистина ги држеа троловите подалеку од нас, но не сум видел докази дека го прават тоа.

Троловите се исто така прилично активни за време на долгоденицата, која Фрејсер ја нарекува „таа мистична сезона кога планините се отвораат и од нивните пештерски длабочини се излева необјаснивата група за да танцува и да ужива без задршка некое време“. Во земјата на троловите, локалните жители често „веруваат дека ако се случи троловите да се во близина тие ќе се покажат“. А кога тоа ќе се случи, можам само да си замислам дека селаните знаат точно како Билбо Багинс се чувствувал кога ги сретнал грабливите тролови во „Хобитот“ (1937): „Тој беше многу вознемирен, како и згрозен; посака да беше сто миљи подалеку.“

Хорхе Луис Борхес, во неговата „Книга за замислени суштества“ (1967), напишал дека „троловите од популарните суеверија се злобни, глупави џуџиња кои престојуваат во планински пештери или распаднати колиби“. Денес би можел да си замислам дека Твитер ја има истата функција; тој е влажната плаининска пештара на многу тролови. Троловите исто така се „дволични“. Борхес додава дека „најистакнатите меѓу нив имаат две или три глави“. „Речникот на сатанизмот“ (1972) ја дава забелешката дека трол е „земен демон или персонифицирана нечовечка моќ.“. Тоа се доближува до нашата денешна употреба на зборот, но се уште не е баш точно. Исто така се сомневам дека некои од онлајн троловите можеби се пристојни – иако збунети – човечки суштества во вистинскиот живот. Тролускот во книгата за деца „Едно чудовиште по друго“ (1974) на Мерсер Мејер има по „секојдневна“, но еднакво подмолна цел: ја краде поштата на луѓе со цел да ги собира марките за себе.

Според уште еден одличен бестијар кој скоро се најде на мојата маса троловите се хаотично зло. Одличното, петто издание на „Прирачникот за чудовишта на „Зандани и змејови““ објаснува: „Родени со ужасни апетити, троловите јадат се што можат да фатат и проголтаат.“ Освен тоа „кај нив не постои општество“ и тие се „тешки за контролирање и прават што сакаат дури и кога делуваат заедно со помоќни суштества.“ Со ова веќе можеби и се приближуваме [до тоа што го бараме].

Можеби највознемирувачки е што овие тролови во „Зандани и змејови“ се способни да си ги регенерираат изгубените раце и нозе и затоа е тешко да се поразат. Тоа се случи за време на една моја кампања минатиот месец и беше потребна огнена топка за конечно да се уништи кутрото нешто. Слично во „World of Warcraft“, регенирањето на енергијата на тролот има бонус од 10%. Ако ништо друго – истрајни се.

Мојот интерес за троловите не се должи само на моето истражување од областа на заедниците на видео игрите, туку и на она што професорот по филозофија Стивен Т. Асман, во „За чудовшитата: Неприродна историја на нашите најлоши стравови“ (2009), го нарекува „истовремената привлечност и одбивност на абнормалните или неверојатни суштества“, но сепак тука повторно не го наоѓаме описот на онлајн троловите. Морав уште подлабоко да ја истражувам етимологијата. Според Oxford English Dictionary, глаголот to troll (да тролаш) значи да „се рибари по шутка/да се фаќа штука, користејќи мртов мамец“. Во Webster’s New World College Dictionary пак значи „да ловиш со мамец закачен на конец позади чамец кој се движи полека“. Овој вид на тролање, можеби дури и повеќе од митолошкото, го опишува однесувањето на денешните онлајн тролови, како што и можеби ќе може да се види во делот за коментари!“

Извор: ElectricLit

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s