Петочна поезија: „Изгубените љубови“ – Јосип Коцев

Јосип Коцев е роден на 25.5.1985 година во Скопје. Завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Автор е на две поетски книги: „Јас, Квентин Скриблер“ (2015) и „Напишана тишина“ (2016). Добитник е на наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата за песната „Етна“ од дебитантската збирка „Јас, Квентин Скриблер“. Неговото второ поетско остварување, „Напишана тишина“, влезе во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година. Застапен е во неколку македонски и странски поетски антологии. Неговата поезија е објавувана и во неколку македонски книжевни списанија и на германската поетска мрежа Fixpoetry.

97f2f4e1-2998-42af-9c23-3e425a76e989_cx0_cy10_cw0_w1023_r1_s

Изгубените љубови

Изгубените љубови никогаш нема да дознаат
со колку тела сме им пришле,
и во колку животи,
низ колку слушалки сме им молчеле
и со какви здивови,
во колку ноќи сме ги предале
и со какви ѕверови,
на колку слики сме ги обезглавиле
и со какви ножици,
на колку улици сме ги одминале
и со какви прегратки,
во колку кафулиња сме ги сретнале
и во какви соништа,
во колку турканици „не сме ги виделе“
и со какви погледи,
колку сме живееле по нив,
и со какво умирање…
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s