„Оставам животот да биде автор“ – Ана Голејшка #НашиПисма

Верувам дека многу од нас по читањето на едно книжевно дело, слушањето на некоја одлична песна или гледањето на фантастичен филм, се запрашале како овие дела всушност настанале – што ги мотивирало авторите, каков бил процесот на создавање, се придржувале ли до одредени ритуали и правила додека работеле на нив итн.

Со желба за одговор на овие прашања Некој Некогаш Некаде започнува со рубриката Наши Писма. Гости во неа ќе бидат писатели, музичари, режисери, уметници итн., кои во кратки колумни, ќе зборуваат за нивниот творечки процес.

Прва гостинка во оваа рубрика е поетесата Ана Голејшкакоја неодамна ја објави својата втора збирка Напишан Домво издание на издавачката куќа Антолог (на чиј штанд на Саемот на книгата ќе можете да ја најдете утре (08.05) во 17:00). Нејзината прва збирка Љубов на улица е објавена во 2013. Нејзината поезија може да се најде и во бројни антологии, а преведена е на српски, турски и англиски. Дел е од дуото кое го организира поетското читање Астални проекции и е посветена активистка во движењето #ретвитниоброк.

adsc_5217-1200x708
Фотографија: popup.mk

Ме фати баш во фаза по изнедрувањето на мојата втора книга. Чувството е препородувачко, истовремено како да си извадил дел од себе и оставил така, таму некаде низ луѓето кои те инспирирале, понеле.  Го уживам овој миг и го пуштам да вибрира низ читателите, но и низ самата мене. Сите песни се здив, изваден од некое мое минато постоење, а добро е кога тоа постоење ќе се испечати во книга. 

А кога пишувам, не сум некоја остра вљубеничка во „зачувувањето“ и „конзервирањето“ песни. Некогаш и заборавам она што сум го чкрабнала на Фејсбук, да го зачувам во ворд документ, ниту пак ме загрижувало дека некои песни едноставно нема да дотраат. Дека се напишани само за да ми помогнат во мигот и потоа да ги фрлам во заборав. Мислата водилка е дека додека сум жива и можам да пишувам – тоа е најважното.

Да се биде автор, поет, што тоа значи? Меѓу животните обврски и летањето, да се најде точка на одмор. Точка на из(в)лекување самиот себеси. Во моите безбројни автореференцијални разговори, речиси секогаш една мисла ми е како силно светло што ми ги блеснува и песните и работата – никогаш не знаеш што следно ќе дојде и ќе те инспирира. Затоа, не се самообликувај, не се дефинирај, не барај механизми за оддржување.

За мене тоа просто, не функционира. Јас не знам како да објаснам што значи кога нешто ти надоаѓа, кога просто го исфрлаш кон „надвор“, кон светот. Ниту знам да мерам што точно каде ќе фати ред. И во тоа е мојата авторска слобода. Без оглед дали е допадлива или не. Сакам кога пишувам за овдешните нешта, за силните врски меѓу зборот и човекот. За мислата и смислата и сите нејзини деривати што не ми даваат сон кога нешто силно ќе почувствувам и не можам да му најдам чаре. Некогаш пак воопшто не ми се оставаат зборови. Едноставно не доаѓаат. Не се случува ништо конкретно во мојот свет и перспектива, и оставам на времето само да си ги најде своите стихови и реченици. Да ми кажеше некој пред неколку години дека ќе почнам да пишувам и детски сликовници на прагот на својата 31ва година, ќе му се смешкав со неверување, но и чисто љубопитство. Сега, кога веќе знам дека можам, оставам животот да биде автор. А јас, ќе го запишувам.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s