OneRepublic од прв ред

Вчера заедно со моето друштво и другите 9000 луѓе во Арена Борис Трајковски го имав големото задоволство да присувствувам на тоа што можеби беше најдобриот концерт кој досега сум го гледала. Вчера во Скопје “земјотрес“ направија OneRepublic. Ја затресоа концертната сцена во Македонија, но и сите присутни во салата.

IMG_8166

Концертот го започнаа (точно во предвиденото време) предгрупата на OneRepublic, The Makemakes. Австријците, кои оваа година ја претставуваа својата земја на Евровизија и освоија нула поени, и го претставија на македонската публика својот деби албум, кој го носи нивното име. Ова е единствениот дел на концертот на кој имам некаква замерка, бидејќи вокалот на оваа група скоро воопшто и не се слушаше, со исклучок на песната “I am Yours”.

20150601_200215

Настапот OneRepublic го почнаа со бело платно пред бината. Во текот на првите 2 песни можевме да ги видиме само нивните силуети, оцртани од светлата на сцената. На третата песна платното падна и започна забавата. Скоро 120 минути фронтменот на групата, Ryan Tedder, скокаше, трчаше, пееше и свиреше, држејќи ја публиката во постојан транс.

IMG_8163

Од останатите членови на бендот посебно ме воодушевија тапанарот Eddie Fisher и басистот Brent Kutzle, кој во текот на концертот свиреше на повеќе инструменти (бас гитара, вилончело итн.). Со нив на сцената беа и гитаристите Drew Brown и Zach Filkins.

IMG_20150601_214846

Комуникацијата со публиката беше на највиско ниво. Ryan се поздравуваше, им се смееше и пееше со фановите. Ни кажа дека двата збора кои сите ги разбираат во светот се “Ciao” и “club sandwich” и се пошегува дека тие се единственото што ни е потребно при патување во странство. Исто така ни кажа колку биле импресионирани од нивната предгрупа и дека ретко такви бендови отвараат за нив.

IMG_8201

Сите песни беа испеани со многу емоции. Покрај најголемите хитови како “Counting Stars” и “Apologize”, тие изведоа и некои песни од новиот албум, по кој всушност и е насловена оваа турнеа Native Tour како “Feel Again” и “Preacher”. Публиката ги пееше сите овие песни во еден глас со Ryan, и мислам дека тој, како и јас, беше импресиноиран од познавање на македонската публика на нивната музика.

Покрај нивните песни беа изведени и кавер верзиите на “Stay with me” одSam Smith, “Budapest” од George Ezra “Seven Nation Army” од The White Stripes.

IMG_8179

Посебен момент беше кога за време на песната “Good Life“, на белото платно кое повторно се појави на сцената, се проектираа сцени од Скопје и Македонија, а на крајот беше прикажано македонското знаме. По ова Ryan го постави прашањето за правилниот изговор на името на нашата земја, па откога му кажаа дека се изговара Македонија, им се закани на членовите од бендот дека ако не го изговараат правилно ќе ги удри во тестисите.

IMG_8270

На крај, како јаготка на шлагот, на сцената се развеа и македонското знаме, кое фронтменот го зема токму од нашето друштво. Момент кој мислам дека сите долго ќе го паметиме. Публиката полуде и со последните ноти на “If I lose myself” заврши двочасвното уживање со музиката на овој бенд.

flag

Фотографија: Мартина Јанеска/Христијан Јанкуловски 

Повеќе фотографии тука. 

Напишете коментар