Пет фасцинантни факти за Олдос Хаксли

  1. Олдос Хаксли бил правнук на Метју Арнолд

Олдос Хаксли (1894-1963), авторот на еден од најпознатите дистописки романи, „Храбар нов свет“, можел да се пофали дека поетот и образовниот реформатор од деветнаесеттиот век Анролд (1822-88) е негов правујко. Ова литературно потекло е вредно да се спомене на почетокот на оваа листа интересни факти за Олдос Хаксли, ако ништо друго бидејќи често е занемарено во некои приказни на неговиот живот поради неговата попозната семејна врска, имено со неговиот дедо, славниот викторијански биолог Т. Х. Хаксли, кој го измислил зборот „агностик“. А кога веќе зборуваме за создавање на зборови….

2. На Хаксли му се дава заслуга за првата употреба на зборовите „bitchy“, „Dadaist“, „futurology“, „nymphomaniacal“ и „snooty“.

Оксфордскиот речник на англискиот јазик го наведува Хаксли како првиот забележан корисник на овие зборови. Друга истакната кованица е „сексофон“, измислен музички инструмент кои предизвикува сексуална желба, а кој се појавува во најпознатиот роман на Хаксли, „Храбар нов свет“ – во романот рекреативната сексуална активност е позитивно охрабрувана.

Голем број читатели ја знаат „Храбар нов свет“, но само мал број на луѓе знаат за продолжението кое Хаксли го напишал наречено „Храбар нов свет Revisited“ (1958). И покрај насловот оваа книга не е продолжение во вистинска смисла на зборот, туку во неа Хаксли размислува, околу четврт век по објавувањето на романот, колку од неговите „предвидувања“ се оствариле. Неговиот мрачен заклучок е дека светот „чекори“ кон П. Ф. 632 (По Хенри Форд) побрзо од што тој очекувал.

650_1200

3. Олдос Хаксли му предавал на Џорџ Орвел во Итон. 

Ова значи дека идниот автор на еден од најдобрите дистописки романи на дваесеттиот век му предавал на идниот автор на еден од најдобрите дистописки романи на дваесеттиот век. Хаксли му предавал француски на Орвел. Интересните врски со други автори не завршуваат тука. Во 1930 Хаксли бил еден од десетте луѓе кои присуствувале не погребот на Д. Х. Лоренс.

4. Волт Дизни го одбил синописот на Олдос Хаксли за сценариото на „Алиса во земјата на чудата“ бидејќи „можел да го разбере само секој трет збор“.

Сценариото на Хаксли, на кое работел во годините по крајот на Втората светска војна, е микс од акција во живо и анимација и се фокусира на пријателството меѓу Карол (или Чарлс Доџсон, како што бил познат на Универзитетот Оксфорд – Карол му бил псевдоним) и Алис Лидел.

5. Хаксли починал на 22 ноември 1963 – на истиот ден како Ц. С. Луис.

Хаксли починал од рак на ларинксот на возраст од 69 години (земал ЛСД кратко пред да умре). Нивната смрт не добила многу внимание од јавноста бидејќи на истиот ден се случил атентатот на Џон Ф. Кенеди во Далас. Подоцнежните дела на Хаксли имале големо влијание на контракултурата во 1960те, најмногу Тимиот Лири, иако можеби најзабележителното влијание е фактот дека групата The Doors го земала своето име од книгита „Вратите на перцепцијата“ (The Doors of Perception) од 1954. Таа го прикажува Хакслиевото искуство со земање мескалин (насловот на Хаксли пак бил позајмен од друг истакнат корисник на дрога и писател, Вилијам Блејк). Всушност многу од насловите на Хаксли се алузии на други литературни дела:

  • Antic Hay (1923) доаѓа од „Едвард II“ на Кристофер Марлоу
  • Eyeless in Gaza (1936) од драмата за читање Samson Agonistes на Милтон
  • Тhose Barren Leaves (1925) доаѓа од ‘The Tables Turned’ на Вордсворт
  • Brave New World (Храбар нов свет) е од The Tempest на Шекспир.

Извор: Interesting Literature

 

Напишете коментар